• Latest

Османи: Со Софија во моментов се разговара за тоа процесот да стане предвидлив

May 10, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Со Софија во моментов се разговара за тоа процесот да стане предвидлив

May 10, 2022 11:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Северна Македонија нема ништо против да ја внесе бугарската заедница во Уставот, заедно со другите заедници коишто се спомнати таму, бидејќи ако по нешто сме препознатливи во светот, тоа е по односот на државата кон заедниците, но сензитивноста е во непредвидливоста на процесот и токму за тоа се разговара во моментов со Софија“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Тој на денешната прес-конференција во Скопје со австрискиот министер за надворешни работи Александер Шаленберг, одговарајќи на новинарско прашање во врска со подготвеноста уште еднаш да се отвори Уставот, истакна дека сето ова кај граѓаните создава „непредвидливост како процес, а не како суштина“.

„Северна Македонија има постигнато уникатен модел на функционална мултиетничка демократија. Покажа дека на Балканот може да функционираат мултиетнички демократии, коишто може да бидат референтен модел и за другите држави, па и пошироко. Токму основата на европските вредности е во мултиетничноста и ние тоа го постигнавме и сме спремни да го прошириме во однос на сите етнички заедници. Сензитивноста е во непредвидливоста на процесот. Меѓутоа тоа е дел од разговорите коишто ги водиме со Република Бугарија“, нагласи Османи.

Шефот на дипломатијата денеска појасни дека тој во неговата неодамнешна изјава не поставил никаков ултиматум до бугарскиот претседател Румен Радев или до Европската Унија, туку само се обидел да ја појасни фактичката состојба.

„Тука не зборуваме за ултиматуми или за условување кон ЕУ или Бугарија, туку тоа е појаснување на фактичката состојба. Како поминува времето, се јавува обесхрабрување и сето тоа има последици и врз домашната политичка сцена и врз можноста граѓаните и политичките елити да го даваат својот придонес во овој процес“, рече Османи.

Тој потенцира дека колку повеќе се одолговлекува процесот, толку тој станува поразводнет. – Ова е одлична и последна можност во која има концентриран политички капитал, тоа е проценка, а не ултиматум, рече Османи.

Министерот додаде дека Договорот за добрососедство останува обврска за Северна Македонија, независно од исходот во јуни, а исто останува и заложбата за унапредувањето на правата на граѓаните со бугарска самосвест.

„Овој процес е доста созреан изминатите месеци и години и за секој елемент во процесот има решение, проблемот е како сето тоа да се опфати во еден сеопфатен договор за да нема утре нови прашања, нови елементи и создавање непредвидливост“, рече Османи.

Тој рече дека на сложувалката, која полека се составува во насока на решавање на спорот со Бугарија, и фали лепилото, а тоа, според Османи, е политичка волја во моментов за ги стави елементите во еден сеопфатен процес, кој ќе значи ново поглавје за нашата држава и за односите на Западен Балкан со ЕУ.

Министерот за надворешни работи напомена дека сега сме во фаза на почеток на преговори со ЕУ, а не во фаза на членство, нагласувајќи дека треба да се направи јасна дистинкција и додаде дека најважен момент во оваа фаза е усвојување на преговарачката рамка, без која не може да се одржи првата меѓувладина конференција.

„Северна Македонија го има започнато, односно потпишано Договорот за стабилизација и асоцијација неколку месеци по Словенија, неколку месеци пред Хрватска, што значи ако тоа било една тројка која почнала, тоа треба да се заврши, за да може да зборуваме за други процеси. Второ, ако гледаме од сегашна перспектива Северна Македонија е со Албанија  и Црна Гора како земји коишто се три НАТО членки во регионот со стопроцентно усогласување на надворешната и безбедносна политика, а се уште се далеку во процесот на асоцијација и прилагодување кон европските правила на една игра и во тој дел треба и тој пакет исто така да се заврши. И третиот коментар, ние зборуваме за почеток на преговори, не зборуваме за членство“, рече Османи.

Тој истакна дека преговорите се техничка асистенција на ЕУ кон одредена држава кандидат за да се подготви за членство, а ветото ни ја кочи можноста да се подготвиме, европеизираме и да се развиеме.

На прашањето дали ќе поднесе оставка доколку во јуни не се тргне ветото, Османи рече дека ова е опозициско гледиште, а според него опозицијата има две сценарија.

„Ако процесот успее ќе вика „уа предавници“, ако не успее „уа неспособни“, значи ќе бидеме или предавници или неспособни“, истакна Османи.

Тој додаде дека успехот не треба да се цени само во однос на тоа дали ги почнуваме преговорите, туку пред се дали се штитат државните интереси. Османи дополни дека помалку важни се кариерите на политичарите, отколку државните интереси, кои имаат историски значење./МИА/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ