• Latest

Оксфам интернешенел: Милион луѓе на секои 33 часа може да бидат сиромашни

May 23, 2022
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Оксфам интернешенел: Милион луѓе на секои 33 часа може да бидат сиромашни

May 23, 2022 17:26
in ВЕСТИ, СВЕТ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународното движење за борба против сиромаштијата, нееднаквоста и неправдата „Оксфам интернешенел“ предупреди во својот најнов извештај дека годинава поради екстремното зголемување на основните трошоци за живот може да се случи на секои 33 часа милион луѓе да „влезат“ во сиромаштија.

Во извештајот се додава дека за време на пандемијата богатите енормно го зголемиле своето богатство и дека сега вкупното богатство на светските милијардери вреди 13,9 отсто од глобалното БДП, што е трипати повеќе од 2020 година. Во исто време, десетте најбогати луѓе во светот имаат повеќе богатство од 40 отсто од најсиромашниот дел од човештвото, односно 3,1 милијарди луѓе.

Извештајот, исто така, покажува дека 573 милијардери станале за време на пандемијата, што е по еден на секои 30 часа.

„Очекуваме дополнителни 263 милиони луѓе да паднат во екстремна сиромаштија оваа година, со стапка од еден милион луѓе на секои 33 часа“, соопшти Оксфам.

Извештајот објавен пред Светскиот економски форум во Давос укажува дека прво пандемијата, а сега ненадејниот скок на цените на енергијата и храната, го зголемија богатството на милијардерите и им донесоа на работниците повеќе работа, пониски плати и полоши работни услови.

„Милиони прескокнуваат оброци, го исклучуваат греењето, заостануваат со сметките и се прашуваат што можат понатаму да направат за да преживеат. Низ Источна Африка, веројатно секоја минута по едно лице умира од глад. Оваа гротескна нееднаквост ги раскинува врските што не држат заедно како човештво“, нагласи директорката на Оксфам Интернешнал, Габриела Бучер.

Новата студија на Оксфам наведува дека корпорациите во енергетскиот, прехранбениот и фармацевтскиот сектор „остваруваат рекордно високи профити“, а богатството на милијардерите во областа на храната и енергијата се зголемило за 453 милијарди долари во изминатите две години. Во исто време, рекордно високите глобални цени на храната предизвикуваат социјални и политички пресврти, 60 отсто од земјите со ниски приходи се на работ на должничко ропство, а инфлацијата и растот на цените се фатални за работниците со ниски плати чие здравје и егзистенција се веќе ранливи на пандемијата, со посебно внимание на лошата положба на жените и маргинализираните групи, пренесува МИА.

Оксфам повикува на воведување еднократни даноци за солидарност на доходот на „милијардерите од пандемијата“, да престане „профитерството во криза“ со воведување привремен данок на вишок на добивка, како и воведување на постојани даноци на богатство од два проценти за милионерите и пет проценти за милијардерите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    168 shares
    Share 67 Tweet 42
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ