• Latest

Пендаровски: Може да има предвремени избори, ама што ќе се реши со тоа?

May 30, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Пендаровски: Може да има предвремени избори, ама што ќе се реши со тоа?

May 30, 2022 11:48
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски за Утрински брифинг вели дека предвремени избори може секогаш да има и дека тоа е легитимно барање, но се поставува прашањето то ќе се реши со еден таков потег.

– Јас мислам дека предвремени избори нема да решат ништо. Ниту ќе се реши проблемот со бугарското вето, ниту ќе се постигне договор, ниту ќе се решат економските проблеми од кои добар дел се увезени со украинската воена криза. Мене ме интересира што нова политичка структура на власт би донела за граѓаните и државата, вели претседателот Пендаровски за Утрински брифинг.

Пендаровски денес ќе појде на средба со претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, по покана од претседателката на  судот, а заедно со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на Собранието Талат Џафери.

– Ваква постава да биде свикана се случува само на Совет за безбедност. Судијата Кацарска нѐ повика да нѐ информира за тешката состојба во која се наоѓа Уставниот суд. Главниот проблем е што нема доволно судии, а наскоро нема да има ни кворум затоа што уште еден уставен судија наскоро заминува во пензија. Причината за тоа е што имаме блокада на Собранието веќе подолго време, само што е официјализирана од неодамна, а поентата на опозицијата е да има предвремени избори, вели Пендаровски при денешното гостување во Утрински брифинг на Слободен печат.

Тој додава дека претпоставува оти опозицијата инсистира на свои кандидати стравувајќи да не се случи партизација на Уставниот суд.

– Ако опозицијата вели дека ја интересираат интересите на граѓаните, тогаш треба да знаат дека работењето на Уставниот суд е суштината на заштитата на интересите на граѓаните, вели претседателот Пендаровски.

Според сите проценки на НАТО, нема никакви позадински преговори, а камо ли сериозни политички преговори меѓу Русија и Украина. Русија ги држи сите пристаништа, па храната од Украина не може да се извезува. Премиерот на Израел Нефтали Бенет посредуваше да не се прави блокада на извозот на храна од Украина оти тоа е од суштинско значење во светски рамки.

– Никој не предвидува дека за две-три недели ќе заврши војната. Таа ќе трае со поголем или помал интензитет. Деновиве Русија напаѓа 40 украински градови. Нивната намера е да го освојат Донбас, но не во овие граници што ние ги знаеме туку пошироко. Донбас е вон контрола на Киев 7-8 години, но ако сакате да го споите Донбас со Крим тоа нема да биде можно без Одеса. Оттука, очекувано е Путин да тргне на Одеса, но тоа ќе биде катастрофално, вели претседателот Пендаровски.

Контекстот на европските реакции сѐ уште се унисони, но постепено почнуваат да се разликуваат по одредени точки.

– Во однос на ЕУ, ние се придруживме кон сите пет пакети санкции против Русија. Ние сме подготвени да го поддржиме и шестиот пакет санкции чијашто содржина е веќе позната. Но, неколку европски држави се силно против оти се силно зависни од руските енергенси. Тие Европејци имаат сериозен проблем и мора да ги заштитат своите граѓани, но не се про-кремљовски настроени. Ние сме земја со лимитирани ресурси и ќе ја чувствуваме кризата заедно со другите европски земји, вели Пендаровски.

Во врска со нашата позиција во однос на проширувањето, претседателот Стево Пендаровски за Утрински брифинг вели дека е извесно оти бугарското вето ќе остане и дека нашиот пат кон ЕУ ќе стагнира, но дека треба внимателно да се постапува во однос на другите иницијативи за здружување и  соработка меѓу европските земји.

– Во изминативе години имавме преголеми очекувања. Бугарскиот премиер Кирил Петков е осамен лик на политичката сцена на Бугарија. За нас таа приказна е завршена и не моеме да очекуваме промена на позицијата на Бугарија во однос на ветото што го наметна кон нашата земја. Моја проценка е дека Петков се обидува со сѐ што прави да го омекне националистичкото крило во Бугарија. Имаше анкета и кај нас во  која 72 отсто од граѓаните се против договор со Бугарија дури и при услови на зачувување на нашиот идентитет, вели Пендаровски.

Пендаровски потсетува дека има стравувања во врска со Отворен Балкан, чијашто идеја е добра, но постои можност да стане алтернатива на Европската унија, во некој формат каков што предложи францускиот претседател Емануел Макрон, а веднаш беше поддржано од германскиот канцелар Олаф Шолц.

-Ние по 20 години кажување и зборување за ЕУ и НАТО, со кој образ ќе излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека еве сега ќе се вклучиме во една нова европска иницијатива. Ние мора да знаеме дали таа иницијатива на Макрон се однесува на Украина, Грузија и Молдавија или нѐ опфаќа и нас, вели претседателот Пендаровски.

Во признавањето на МПЦ-ОА од страна на СПЦ има два слоја, вели претседателот Пендаровски за Утрински брифинг појаснувајќи дека станува збор прво за постапувањето на СПЦ, за што политиката несомнено го дала своето мислење, а второ постапките на самиот вселенскиот патријарх кој го најави унапредувањето на статусот на МПЦ-ОА.

– Тоа беше чин кој ги надминува балканските постапувања. Тука има и геополитика, вселенскиот патријарх пред некоја година даде томос на Украинската православна црква која беше во иста позиција како и ние до скоро, вели Пендаровски.

Проследете го целиот разговор во видеото:

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ