• Latest
Марин Гавриловски

Француска или руска салата?

June 25, 2022
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
Војо Маневски

Буџетот се планира, ама треба и да се полни

November 11, 2025
Knesset, Death penalty bill Israel
Source- screenshot
ILTV Israel News

Израел пред нови поделби: закони за смртна казна и контрола на медиумите

November 11, 2025

Две американски компании од автомобилската индустрија ги затвораат фабриките во Северна Македонија

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Француска или руска салата?

„Куварите“ од француското Министерство за надворешни работи по рецепт од Елисејската палата почнале да ја прават француската салата, па ставиле малку од барањата на едната страна и малку повеќе од барањата на другата страна, но најмногу ја употребиле основната состојка – интересот на Франција.

June 25, 2022 11:30
in СЛОБОДНА ЗОНА
Марин Гавриловски

Марин Гавриловски

Share on FacebookShare on Twitter

МАРИН ГАВРИЛОВСКИ / СЛОБОДЕН ПЕЧАТ 

Мешавината што на европската трпеза се сервира како можно решение за кревање на ирационалното бугарско вето, олицетворена во предлогот на француското претседателство доставен до земјите членки на ЕУ, е сè само не достоинствен предлог, кој би значел реално решавање на настанатиот проблем.

Во стилот на Луј Четиринаесетти и Наполеон Бонапарта, Емануел Макрон (човекот што во неделата го загуби апсолутното мнозинство во Францускиот парламент и ѝ овозможи на Марин Ле Пен, лидерка на крајната десница, да се пофали со историски најдобриот парламентарен резултат на нејзината партија), предлага план што најмногу ќе му одговара нему, односно на Франција (бидејќи нели: L’État, c’est moi – Државата тоа сум јас), а најмалку на најслабиот учесник во постапката, Македонија. Историјата нè учи дека од Французите не можеме ништо друго ни да очекуваме.

„Куварите“ од „Quai d’Orsay“ (француското Министерство за надворешни работи) седнале и по рецепт добиен од Елисејската палата почнале да ја прават француската салата наречена план за деблокирање на евроинтеграциите на Македонија и Албанија, внимателно избирајќи ги состојките. Па, ставиле малку од барањата на едната страна и малку повеќе од барањата на другата страна, но најмногу ја употребиле основната состојка, односно интересот на Франција и привидот дека нешто се сработело за време на нивното претседавање со Европската Унија.

Дел од македонската јавност беше благо егзалтирана констатирајќи дека, замислете, Французите го споменале нашиот јазик и тоа како македонски, сметајќи ја како состојка што е во прилог на македонската страна. Зар сè уште треба да се води дискусија за македонскиот јазик? И да бидеме среќни ако некој го споменува јазикот без додавка, ѕвездичка, фуснота или слична дреболија што им служи само на оние што го негираат нашиот идентитет?

Одговарајќи, пак, на прашањето: Што најмногу би им одговарало на Бугарите? Вештиот рецепт мајстор заклучил дека состојката во француската салата што би ги задоволила нивните апетити за да го кренат ветото ќе биде ставањето на Бугарите (оние малку повеќе од три и пол илјади, според пописот на населението од  2021 година), како конститутивен народ во Преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија. Со која леснотија француските геостратези предлагаат промена на највисокиот правен акт на една земја, како да станува збор за секојдневна рутинска работа и тоа на самиот почеток од пристапниот процес.

Се разбира, формално сè треба да изгледа како нешто да се постигнало, односно дека се откочил процесот на пристапување на Македонија и Албанија кон ЕУ, па во предлогот се иницира одржување на првата Меѓувладина конференција на 23 Јуни во Брисел, која всушност и не би била вистинска меѓувладина конференција, туку нешто како меѓувладина конференција. Вистинската меѓувладина конференција би се одржала дури тогаш кога ние ќе ги имплементираме уставните промени. Изнесувањето на нови барања од бугарска страна, објавени пред македонската јавност од страна на претседателот на Републиката, Пендаровски, уште пред да почне имплементацијата на францускиот предлог, кој беше претставен како „решение“ за откочување на преговарачкиот процес, значи дека со овој предлог не се постигнува решение на проблемот, туку само негово продлабочување. На тој начин би се создал привид дека нешто е така како што ни е сервирано, а всушност не е, односно дека е откочен процесот на евроинтеграција на Македонија и дигнато бугарското вето, а тоа реално не е сторено. Оваа фатаморгана ќе служи единствено и само за да се каже дека за време на француското претседателство се отпочнати преговорите за влез на Македонија и Албанија во Унијата. Нешто што не им успеа ниту на Германците, ете успеа да го реализира „вештата“ француска дипломатија.

Тоа е посакуваното сценарио од Париз. Она што најверојатно ќе се случи е македонската страна, под притисок на јавноста да го одбие францускиот предлог. Ситуацијата во Бугарија е малку посложена. Наследникот на Наполеон, на крајот од претседателствувањето со ЕУ, ќе се соочи со поразот на втората „Бородинска битка“. Но, во овој случај еден друг генерал, а не генералот Кутузов, ќе ги брани руските интереси. Современиот Кутузов е генералот на бугарското воено воздухопловство и актуелен претседател на Бугарија, Румен Радев. Поаѓајќи од неговите тврди ставови, се очекува Бугарија да не го прифати францускиот предлог, бидејќи тој на некој начин би ја смирил (колку толку) состојбата на Балканот, или барем не би дозволил таа да ескалира, а тоа во моментов не ѝ одговара на Русија. Затоа е реално да се очекува дека, користејќи ја папазјанијата во која се наоѓа бугарската политичка сцена, со префрлање на топката од една на друга страна и прогласување предавници и бранители на бугарскиот национален интерес, ќе се оневозможи заземање јасна позиција по тоа прашање, без оглед на тоа колку премиерот во заминување Петков, се труди да го „реши“ настанатиот проблем. Па дури и бугарските институции во заминување да го прифатат предлогот, тоа за Бугарија нема да има никаква штета, бидејќи секако нивната позиција е фаворизирана.

Македонија (доколку некој за тоа ја праша), треба да го одбие францускиот предлог од едноставна причина што тој ништо не решава, туку само ја тера Македонија да ја направи првата концесија и да го смени Уставот без гаранции дека тоа ќе биде и последната отстапка која треба да се направи за да се задоволат бугарските стремежи. Без тие гаранции каква било интервенција во Уставот ќе биде само отворање на Пандорината кутија и најверојатно зголемување на апетитите на бугарската страна. Во моментов тоа е јасно кажано токму од претседателот Радев, кој иако францускиот предлог го оцени како добра основа за преговори, сепак потцрта дека отстапката со промена на македонскиот Устав ќе биде само врвот од сантата мраз на бугарските барања кон нас. Од пуст мерак, дека ставовите на Бугарија се добро прифатени од француската дипломатија, Радев не можеше да почека ниту македонската страна, така наивна и желна да покаже резултати, да се насанка и ја проголта француската јадица, се истрча и веќе го „подигна влогот“ со изнесување нови барања за почеток на преговорите. Се поставува прашањето: Дали тоа го стори од незнаење на дипломатските чекори во преговарањето или пак сака, за секој случај, да се осигури дека предлогот нема да помине, со што уште еднаш ќе се стави во првите борбени редови на браникот на руските интереси на Балканот.

Извесно е да се очекува дека предложениот француски план нема да биде прифатен ниту од некои други членки на Унијата, кои во минатото искажувале принципиелен став во однос на бугарската блокада. Австрија, Чешка, Словенија јасно и гласно кажуваат дека преговорите со Македонија треба да почнат веднаш и без условувања и одолжувања. Британците, во нивен стил, се шегуваат прашувајќи: „Зошто во Франција има толку многу граѓански војни и револуции?“ Одговорот е: „Поради тоа што тоа е единствена можност Французите да победат во некоја битка“. Со релативниот пораз на изборите и зајакнувањето на екстремната десница, но и екстремната левица во Франција, Франција продолжува да го губи приматот на лидер во Европа и најверојатно и по прашањето на кревање на бугарското вето, ќе се соочи со нов пораз на меѓународната сцена. Од друга страна, млакото однесување на германскиот канцелар Шолц, кој сепак срамежливо се заложи за измена на процедурите за гласање и напуштање на носењето одлуки со консензус помеѓу земјите членки на ЕУ, ја остава Европската Унија обезглавена во најтешките моменти на светската историја по завршувањето на Втората светска војна. Последиците на тој недостаток на лидерство допрва ќе се чувствуваат, особено во текот на ладната зима и неизвесната пролет на 2023 година, до кога постои реална опасност француската да биде заменета со руска салата.

Состојките за руската салата, веќе се подготвуваат. Не треба наивно да се пристапи кон предлогот на српскиот претседател Вучиќ, кој како јагула во вода успева да плива во бурните води на денешната меѓународна политика, вешто избегнувајќи да ја усогласи надворешната политика на Србија со онаа на ЕУ, па за да не биде сам на ветрометината, успева, преку економскиот проект Отворен Балкан, во своите комбинаторики да ги вклучи и Ковачевски и Рама. Европската Унија не успеа да се консолидира и да ги апсорбира во себе земјите на Западен Балкан, пред избувнувањето на руско-украинската војна. Сега, кога светот е во криза, алките почнуваат да се кинат на сите страни и наместо да води европска политика, ЕУ не е во можност ниту да ги изгасне пожарите што на сите страни избувнуваат предизвикани како од внатрешниот, така и од надворешниот фактор (непријател) во самата ЕУ.

Ние како држава сме навикнати од страна на европската бирократија на наш грб да се „иновира“ меѓународното, уставното и другите права на наша штета; станавме полигон за „вежбање“ политички концепти и надри визии, кои никаде, ама баш никаде во светот не се тестирале, а камоли применувале. Станавме заморчиња на сложениот механизам на ЕУ за носење одлуки, нивната интерна закоченост и безидејност. Со ваквите континуирани постапки  на ЕУ, не би се зачудил источниот ладен ветер да почне да делува на нас како единствено благопријатно децениски очекувано освежување за државата и нацијата. Дури тогаш, Господ да ни е напомош.

Извор: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ