• Latest

Бајрактаров: Ова “НЕ” е многу поевропско од многу други т.н. европски одлуки

June 24, 2022
Скриншот од видео на Oneindia News

Ново прекршување на воздушниот простор на НАТО: Дрон паднал на романска територија за време на руски напад врз Украина

November 11, 2025
Организаторот на проектот Волфганг Ресман на завршниот состанок во рамките на меѓународниот проект „Медиумски дијалог 2025: Слобода на говорот и плурализам против пропагандата“. Фото: Наталија Јевдокименко / НУЈУ

Медија дијалог 2025: Меѓународниот проект го испитува искуството на украинските медиуми во борбата против руската пропаганда

November 11, 2025
Поранешната хрватска министерка за регионален развој и фондови на ЕУ, Габријела Жалац, се јави во затворот Реметинец на отслужување на казната. Фото: Љубомир Костовски/Фејсбук

Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

November 11, 2025
Вештачка интелигенција (фото извор: Wikimedia Commons)

ЕП бара законско регулирање на употребата на вештачката интелигенција во работните процеси

November 11, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија со постојаните напади на енергетските капацитети го загрозува греењето, осветлувањето и безбедноста на милиони мирни луѓе во Украина

November 11, 2025
Crime scene in Islamabad, Pakistan, suicide bomber killed 12 people
Source> screenshot video Reuters

Бомбаш самоубиец уби 12 лица пред суд во главниот град на Пакистан

November 11, 2025

Меѓунардониот кривичен суд му го одби барањето на Ратко Младиќ за ослободување

November 11, 2025

Репортери без граници и Европската радиодифузна унија со повик до ЕУ за зачувување на демократијата преку обезбедување пристап до сигурни информации

November 11, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Бугарија се подготвува за преземање на рафинеријата Лукоил во Бургас, во Северна Македонија сé уште без реакции

November 11, 2025

DDGI им се придружи на светските лидери и мислители на инаугуративниот глобален форум во Лугано

November 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Бајрактаров: Ова “НЕ” е многу поевропско од многу други т.н. европски одлуки

June 24, 2022 21:21
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ова “НЕ” е многу поевропско од многу други т.н. европски одлуки, однесувања, припадности, вредности, ова е лекција која ќе треба да ја прифатат и да ја учат…., напиша во објава на Фејсбук, Стојан Бајрактаров, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија во Скопје, осврнувајќи се на отфрлањето на францускиот предлог за деблокада на македонските евроинтеграции во спорот со Бугарија од страна на премиерот Димитар Ковачевски.

Бајрактаров го почнува постот за дефинирање на идентитетот од страна на  неговиот пријател професорот Вамик Волкан, кој вели дека идентитетот на големите групи (етнички, национални, верски) се дефинира како субјективно искуство на илјадници или милиони луѓе кои се поврзани со постојано чувство на истост.  Главната задача, пишува Бајрактаров, што ја споделуваат членовите на голема група е да го одржуваат, заштитат и унапредуваат својот групен идентитет.  Тој образложува дека „избраната траума“ која заеднички ја преживува тој ентитет претставува круцијална компонента на овој идентитет. Терминот „избрана траума“ се однесува на заедничката ментална претстава за огромна траума што претрпува таа група, или нивните предци на групата од страна на непријателот. Кога историјата ќе се повтори, таа избрана траума повторно се активира со цел да се поддржи загрозениот идентитет на групата.  Ова повторно активирање, нагласува, има одлучувачко влијание на одржувањето, но и на градењето и наративот на самиот идентитет, а со тоа и а групните карактеристики на таа група која потоа влегува во генскиот наратив и е одлучувачки фактор за историска проекција за развој на таа група.

Однесувањето на лидерите во вакви ситуации, нивните одлуки, како што дополнува Бајракатров, е она што потоа се вика историја на народ, и која го отсликува, но и на која се повикува секој претставник на таа група, и кој ја доживува како личен придонес во колективното свесно на групата. За минатите генерации, таква „избрана закана„ беше заканата од Советскиот Сојуз на бивша Југославија, и историското НЕ кое Тито му го кажал на Сталин, што сите кои имаат сеќавање за Југославија ќе се сложат дека беше доживеано како момент на гордост и на пресврт во историјата на таа земја, а која одлука го трасирале и личниот подем на Тито и градењето на светската сила наречена „Неврзани Земји„.

Неизбежна ми е, наведува Бајрактаров, асоцијацијата со големото, историско „НЕ“ кое вчера премиерот Ковачевски им го кажа на Европската Унија, односно на наметнатата „избрана траума“ од страна на нашите источни соседи. Ова “НЕ” е знак на нашето национално достоинство, самодоверба, истрајност, одлучност, непоколебливост, и ова е одлука која го гради и го јакне нашиот идентитет, и на која ќе се повикуваат и нашите поколенија како одлучувачки пример на гордост за припадност на ваков ентитет. Ова “НЕ” е многу поевропско од многу други т.н. европски одлуки, однесувања, припадности, вредности, ова е лекција која ќе треба да ја прифатат и да ја учат…

-Денес навистина сум горд што сум Македонец. Меѓу другото, и затоа што пак историски се повторува истата агресија од истиот непријател, односно пак ја преживуваме истата траума како и во втората светска војна, но и на ист начин возвраќаме, и затоа сум денес сигурен дека пак ќе победиме, како и во претходните борби или војни со истиот непријател кој треба еднаш веќе да си ја прифати својата колективна генетска приказна, стои во објавата.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ