• Latest

МНР на Бугарија бара потпишување на неусогласените протоколи,  Османи вели: додека не се договорат сите прашања, позицијата на Македонија е дека нема договор за ништо

June 25, 2022
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

МНР на Бугарија бара потпишување на неусогласените протоколи,  Османи вели: додека не се договорат сите прашања, позицијата на Македонија е дека нема договор за ништо

June 25, 2022 21:39
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

На прашањето какви чекори ќе преземе Македонија откако бугарското Собрание го изгласа прифаќањето на францускиот предлог со дополнение од четири нови услови, и дадоа овластување на Владата во Софија да го крене ветото за усвојување на преговарачката рамка, и со тоа да ја одобри првата меѓувладина конференција за Северна Македонија со Европската Унија, веднаш откако македонските власти ќе го потпишат билатералниот протокол, во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Омани истакна дека пакетот предвидува три документи – преговарачка рамка, заклучоци на Советот на ЕУ и протокол.

Според него, додека не се договорат сите прашања, позицијата на Македонија е дека нема договор за ништо.

Османи исто така посочи дека францускиот предлог не е одбиен, туку само оној дел кој е спорен за Македонија.

„Францускиот предлог, спорниот елемент, спорното прашање не го стави во документот како финално решение – го стави во заграда. Што значи дека тоа не е конечен предлог на француското претседателство, затоа не можам да кажам дека ние документот не го прифативме. Ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас“, вели Османи.

Министерот смета дека на патот кон Европската Унија не треба во фокусот да бидат билатерално – историските прашања.

„Ние сметаме дека не треба фокусот да се стави на тие билатерални – историски интерпретации во кои што ние сме влегле преку историската комисија, во еден сосема друг процес, да бидат прашања кои што го одредуваат патот кон Европската Унија“, вели Османи.

Шефот на дипломатијата во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 откри дека најблиските соработници на францускиот претседател Емануел Макрон дошле во Скопје и Софија со цел да се изнајде решение.

„Најблиските соработници на претседателот Макрон, во услови помеѓу два изборни циклуса, доаѓаа Скопје, Софија контактираа со нас на дневна основа. Решивме голем дел од прашањата за рамката. Остана едно единствено прашање во рамката кое не можеше да се усогласи, тоа е прашањето на протоколот во рамката“, вели Османи.

М.Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ