• Latest

50 судии и обвинители заминаа во пензија

July 2, 2022
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

50 судии и обвинители заминаа во пензија

July 2, 2022 09:40
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судовите и обвинителствата во Северна Македонија од петокот се покуси за 50-тина судии и обвинители, коишто мораа да заминат во пензија поради наполнети 64 години, откако не поминаа законските изменисо кои требаше да им се пролонгира работниот ангажман за уште три години. Советот на јавни обвинители и Судскиот совет на седници ја констатираа листата на обвинители и судии на коишто им престанува работниот однос. На неа се најдоа 40 судии и десетина обвинители од Скопје, но и од внатрешноста на земјата, со што сериозно се доведува во прашање работењето на одредени судови, а некои од нив ќе мораат да стават и клуч на врата. 

Советот на јавните обвинители донесе одлуки за престанок на работниот однос на јавните обвинители: Мери Тромбева, јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола, Елизабета Ристеска, јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Сулејман Алијевски, јавен обвинител во Битола, Снежана Зафирова, јавен обвинител во Кочани, Елица Илиевска, јавен обвинител во Скопје, Гордана Смаќоска, јавен обвинител во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Жулиета Карова Бошевска, јавен обвинител во Битола, Милка Спиркоска, јавен обвинител на Прилеп, Имран Османи, јавен обвинител во Скопје. На листата на матичното обвинителство се најде и обвинителот Јован Илиевски, но тој во моментов е судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур и на оваа фунција ќе остане сѐ до завршувањето на мандатот.

За пополнување на испразнетите места донесена е одлука за назначување на јавниот обвинител Пецо Везироски за ВД јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Битола и на  јавниот обвинител Марјана Илиеска за ВД јавен обвинител на обвинителството во Прилеп.

Испразнети судови 

Судскиот совет во тензична атмосфера во петокот ја констатираше листата на нивни колеги коишто ги исполнуваат условите за да заминат во пензија. „Еден од членовите го изнесе својот став дека судиите не треба да одат во пензија, а дел од членовите не присуствуваа воопшто на седницата, поради лична засегнатост од одлуката за пензионирање“, вели претседателката на Судскиот совет за ДВ, Павлина Црвенковска.

За дел од судиите само е констатирано дека ја исполнуваат старосната граница, но поради моменталното извршување на функциите, тие остануваат на своите позиции до истекот на мандатот. Станува збор за судиите Киро Здравев и Зоран Теофиловски, кои се меѓу 40 судии коишто треба да заминат во пензија, но тие и понатаму ќе бидат членови на Судскиот совет до крајот на шестгодишниот мандат.

На листата на судии коишто исполнуваат услови да се пензионираат се најдоа и Добрила Кацарска и Валентина Маркудова, но со оглед на тоа дека се во Уставниот суд, остануваат уставни судии сѐ до завршувањето на мандатот.

Најголем дел од судиите кои од 1 јули се во пензија се од штипското и битолското апелационо подрачје, од граѓанскиот и од Врховниот суд.

Здружението на судска администрација реагира бидејќи судовите ќе останат без поголем број на судии, а судиските места во блиска иднина нема да бидат пополнети. Според нив, голем број на судски предмети ќе мора да почнат одново со опасност да настапи нивна застареноста, временски бавните судски постапки уште повеќе ќе се одолговлекуваат со оглед на намалениот број на судии во многу судови. Како врв на сето тоа ќе има суд или судови кои ќе останат и без судии доколку во нив не бидат времено упатени судии од други судови.

Предлог измените на Законот на работни односи, којшто по итна постапка беше испратен во Собранието, предизвика бурни расправии и инциденти меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Рокот за усвојување на законот помина, со што се отвори голем проблем од недостиг на кадри во судовите и обвинителствата.  / DV

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ