• Latest

Зеленски: Колку е поголема одбранбената помош за Украина, толку побрзо ќе заврши војната и загубите на сите земји во светот ќе бидат помали

July 8, 2022

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Колку е поголема одбранбената помош за Украина, толку побрзо ќе заврши војната и загубите на сите земји во светот ќе бидат помали

July 8, 2022 10:35
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска главна тема кај нас стана британската тема – одлуката на Борис Џонсон да поднесе оставка од партискиот лидер и премиер. Попладнето разговарав со него и се заблагодарив за поддршката што ја добивме од првиот ден на рускиот терор.

Пред се, тоа се оружје: системи за противвоздушна одбрана Стингер, противтенковски системи NLAW, артилерија, муниција, оклопни возила и многу, многу други работи. Суштинска политичка поддршка, силни санкции против Русија, финансиска помош за нашата држава – само за безбедносни и одбранбени потреби од 24 февруари се издвоени повеќе од две милијарди фунти, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање.

„Улогата на Британија во заштитата на слободата е навистина глобална. И иако ова е одраз на позицијата на британското општество, лидерството и харизмата на државниот лидер секогаш се од посебно значење. Посебно во такво време – времето на руската антиевропска војна со целосни размери, која нападот врз Европа го започна токму од нашата држава. Затоа, не е чудно што Украинците чувствуваат лична благодарност кон Борис.

Но, да не заборавиме дека градиме односи меѓу државите. Поддршката на Велика Британија за Украина не треба да се менува, што и да се случува во круговите на моќта во Лондон, во тоа ме уверија и Борис и сите наши пријатели во Обединетото Кралство.

Денеска во Киев се сретнав со претставниците на американскиот Конгрес – сенаторите Линдзи Греам и Ричард Блументал. Тие ги претставуваат двете партии, републиканската и демократската, и двете фундаментално ја поддржуваат Украина. Тие беа автори на резолуцијата со која се повикува Стејт департментот да ја признае Русија како држава спонзор на тероризмот. Им се заблагодарив за оваа активност и се надевам дека ќе се реализира.

Ги информирав сенаторите за состојбата на фронтот, за тоа за што се подготвуваат окупаторите. Конкретно, разговаравме за Донбас, јужниот дел на нашата земја, регионот Харков. Руската армија денеска повторно го погоди Краматорск – повторно со проектили. Окупаторите го погодија и Харков, градовите Донбас…

Во секоја насока, нашите партнери имаат точни информации за нашите одбранбени потреби. Ова се однесува на воздушна одбрана, модерна MLRS. Колку е сега поголема одбранбената помош за Украина, толку побрзо ќе заврши војната со наша победа и помали ќе бидат загубите на сите земји во светот, загубите на САД од рускиот притисок врз демократските општества.

Утре ќе ја продолжам низата апели до европските парламенти – на ред е Словенија. Утре ќе има и многу внатрешни украински вести – претстои многу значаен ден.

По конференцијата во Лугано, која беше посветена на закрепнувањето на Украина, владините претставници веќе договорија итна помош за нашата земја во износ од над 2 милијарди долари – овие средства ќе бидат насочени кон зајакнување на буџетот и подготовка за зимата. Инаку, извозот на украинска струја во земјите од ЕУ, кој веќе започна, е значајна поддршка и сега и во текот на грејната сезона. Цената на струјата на европскиот пазар е повисока отколку во Украина, а тоа ќе им овозможи на енергетските компании заработените средства да ги искористат за давање услуги за украинските потрошувачи. Покрај тоа, со непроменети тарифи.

Исто така, владините претставници активно работат на логистика на извозот на земјоделски производи. На оваа тема денеска ги слушнав извештаите од министерот за инфраструктура и од министерот за аграрна политика. Ќе направиме се за да го одржиме пристапот до светскиот пазар и покрај руската блокада на нашите пристаништа.

И, се разбира, денес сакам да изразам благодарност за последната етапа од борбата за Змискиот остров – таму беше истакнато нашето национално знаме. Оваа операција траеше два месеци. Разузнавање, сили за специјални операции, единица „Алфа“ на Службата за безбедност, граничари, топџии, морнарица, воздухопловни сили. И сега секој руски капетан – без разлика дали е на брод или авион – нека го види украинското знаме на Змискиот остров,  и нека знае дека нашата држава не може да се скрши!“, порача Зеленски.

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ