Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, на прес-конференција ги изнесе ставовите на СДСМ за протестите на коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.
Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со насилни протести и крвави сценарија дејствуваат против интеграцијата на државата во ЕУ.
Педесетина повредени полицајци, фрлање на запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти е епилогот од насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и неговите партнери Левица и Алијанса за Албанците.


Ова е едно од лицата кое доби осумдневен притвор за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.






Каевски прашува дали токму Ковачки координирал поранешни припадници на Армијата во крвавите сценарија?
Во клучен период за евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават се за да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.
Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Ќе одговара секој кој ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата, вели Каевски.
М.Д.











































