• Latest

СДСМ: Насилните протести на антиевропската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и Левица дело на проруски инсталации, која е улогата на дезертерот Ковачки?

July 12, 2022

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Насилните протести на антиевропската коалиција на ВМРО ДПМНЕ и Левица дело на проруски инсталации, која е улогата на дезертерот Ковачки?

July 12, 2022 13:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски, на прес-конференција ги изнесе ставовите на СДСМ за протестите на коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, со насилни протести и крвави сценарија дејствуваат против интеграцијата на државата во ЕУ.

Педесетина повредени полицајци, фрлање на запаливи течности кон полицијата, обиди за исценирано крваво сценарио за меѓуетнички инциденти е епилогот од насилните протести на ВМРО-ДПМНЕ и неговите партнери Левица и Алијанса за Албанците.

На виделина излегуваат нови моменти кои ја докажуваат поврзаноста помеѓу насилниците од протестите и ВМРО-ДПМНЕ со проруски инсталации.

Ова е едно од лицата кое доби осумдневен притвор за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Од фотографиите што лицето само ги им објавувано на социјалните мрежи може да се види дека е во друштво на партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а на една од фотографиите притвореното лице носи облека со националните обележја на Русија.

Руските знамиња на протестите, навредите кон нашите сограѓани од другите народи и етнички заедници во државата се јасен доказ дека протестите не се против европскиот предлог, туку неуспешен обид за рушење на владата и имаат за цел да создатат етнички конфликт, да ја дестабилизираат земјата.

И по неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ молчи и не одговара која е поврзаноста на армискиот дезертер Драган Ковачки со насилниците под качулки пред Собранието.

Каевски прашува дали токму Ковачки координирал поранешни припадници на Армијата во крвавите сценарија?

Во клучен период за евроинтеграциите, ВМРО-ДПМНЕ и Левица прават се за да ја дестабилизираат државата и да ја оддалечат од ЕУ.

Тоа нема да им успее. Институциите и граѓаните нема да дозволат да успеат крвавите сценарија на Христијан Мицкоски и Димитар Апасиев. Ќе одговара секој кој ќе се обиде на каков било начин да ја загрози стабилноста на државата, вели Каевски.

 

М.Д.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ