• Latest

Мартин Костовски: Со однесувањето во Собранието ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не ги интересира ни ЕУ, ни влез на земјата во Унијата

July 15, 2022
Скриншот оd видео на CNN

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мартин Костовски: Со однесувањето во Собранието ВМРО-ДПМНЕ покажува дека не ги интересира ни ЕУ, ни влез на земјата во Унијата

July 15, 2022 13:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со месеци бараа дебата за францускиот предлог, а кога тој стигна овде во Собранието и кога треба да усвоиме заклучоци, тие не дозволуваат ниту да се дебатира по него, изјави денеска на прес конференција во Собранието, пратеникот на СДСМ Мартин Костовски, додавајќи дека последните случувања во собраниската сала покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на блокатори, лицемери и насилници, пренесува МИА.

– Палат хартии, свират, врескаат, се закануваат само со една цел народот да на ја чуе вистината, а тоа е дека со последниот предлог имаме чиста формулација на македонскиот јазик и историски прашања надвор од преговарачкиот процес, додаде Костовски.

Тој потенцира дека собранието не е месен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, туку највисок законодавен дом.

– Ова ли е партија која наводно е за интеграција во ЕУ? Наместо дебата, аргументи, тие го резилат Собранието, ја резилат државата пред високи претставници на ЕУ и пред целата европска јавност, додаде Костовски.

Според него, со ваквото однесување пратениците на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека ниту ги интересира ЕУ, ниту сакаат влез на земјата во Унијата.

– Тие сакаат да се вратат назад во времето на Никола Груевски, да не затворат назад во минатото, да не заробат без иднина и без припадност во Европа, потенцира пратеникот на СДСМ.

Тој истакна дека со старт на преговорите со ЕУ државата оди напред и нема враќање назад во режим и изолација.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се нервозни и уплашени. ВМРО-ДПМНЕ ниту може, ниту сака да ја води државата напред. Затоа не сакаат дебата и затоа додека ЕУ вели дека јазикот и идентитетот се заштитени, тие палат хартии во Собранието, фрлаат јајца врз објектот. Додека ЕУ вели сакаме да ве видиме внатре во Унијата, тие викаат НЕ.

Според него, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ можат да свират, да кршат и да се закануваат, но државата и без нив оди напред.

– Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе останат запаметени дека остануваат на спротивната страна од државните интереси, одбработувајќи за туѓи центри на моќ на штета на интересите на граѓаните. Ќе оставиме историјата да суди, а ние знаеме дека сме на вистинската страна на историјата. Ќе победи европска Македонија, нагласи Костовски.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    176 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ