• Latest

Пратениците на пауза до15:30 часот на вториот ден од собраниска расправа за францускиот предлог

July 15, 2022
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот од видео на ABC News (Australia)

Скандал го тресе Израел: Главната адвокатка на војската уапсена поради протекување на видео за малтретирање на палестински притвореник

November 4, 2025
Скриншот од видео на Воздушните напаѓачки сили на Украина/Фејсбук

Руските сили убиваат невооружени цивили кои одат со бело знаме во регионот Харкив

November 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Резолуцијата на ОН за меѓународни стабилизациски сили за Газа би можела да биде готова за две недели, во меѓувреме, насилството во Газа продолжува

November 4, 2025
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратениците на пауза до15:30 часот на вториот ден од собраниска расправа за францускиот предлог

July 15, 2022 14:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието втор ден расправа по Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на ЕУ на 30 јуни 2022 година. Расправата ќе продолжи во 15:30 часот по завршувањето на редовната пауза, пренесува МИА.

И денешната расправа се одвива на ист начин како вчерашната. За збор се пријавуваат пратениците од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и говорат против францускиот предлог, а кога ќе се пријават пратеници од СДСМ за реплика во салата има неподнослива бука предизвикана од вувузели, труби и свирки со кои пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги попречуваат да говорат.

-Овој лист не е ни основа да се држи седница. Со него ќе ја погребите државата. Ако Преспанскиот договор помина сега ви се случува револуција, порача Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор. -Граѓаните прашуваат во чие име преговаравте и договарате, праша таа и на говорница го искина предлогот. Истото го направија речиси сите говорници од опозицијата.

Во реплика Даниела Николова од СДСМ рече дека станува збор за антиевропска коалиција која по секоја цена сака да дојде на власт. Додека говореше постојано се слушаше бука од вувузели, труби и свирчиња исто беше и при сите реплики од пратениците од СДСМ.

Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ во обраќање истакна дека и денеска и во иднина нашата држава останува буре барут во Европа.

Посочи дека Бугарија не го признава македонскиот јазик и народ и има континуитет во неговото негирање. Нејзината идеа, посочи, е дека никогаш не постоел македонски  јазик. Затоа во преговарачката рамка ќе стави дека не постои и дека е дијалект на бугарскиот јазик и ќе инсистира на прифаќање на нивната вистина за историјата.

-Или треба да прифатите се што и одговара на Бугарија или никогаш да не влеземе во ЕУ. Заслужуваме како сите држави да ги имаме истите правила, во спротивно остануваме буре барут, рече Трајанов.

Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ во говорот рече дека со прифаќање на францускиот предлог проблемот што го имаме со Бугарија од билатерален станува мултилатерален.

– Со усвојување на едно пусулче кои го нарекувате информација ќе го остварите 100-годишниот сон на Бугарите и само ќе им дадете можност на министерот за надворешни работи и на премиерот да се сликаат, рече Ласовска.

Во реплика Ненад Коциќ од СДСМ истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица свират затоа што, како што рече „го лажат народот затоа што сакаат да ја запалат Македонија“. За тоа, како што посочи, се добро платени од странски служби.

-Ја лажат јавноста затоа што им смета дека македонскиот јазик ќе влезе во ЕУ и затоа што Македонците со својот идентитет ќе влезат во ЕУ и затоа што успеавме македонската историја да не биде дел од преговарачката рамка, нагласи Коциќ.

Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ порача дека за францускиот предлог Владата треба да има широка поддршка што, како што рече, ја нема.

-Македонија треба да се воздржи од почнување на преговори по секоја цена бидејќи ова што го добиваме како францускиот предлог на преговарачка рамка не е предлог за отворање на преговорите, туку е за отворање на Уставот, а вие знаете дека отворањето на Уставот нема да помине. Со тоа влегувате во процес кој на Македонија ќе и донесе дополнителни внатрешно политички тензии и дополнително  затегнување на односите со Бугарија, посочи Милошоски.

Нагласи дека нема никаква гаранција дека земјава ќе влезе во ЕУ со договорот кој го нарече резултат на неуспехот на лошата дипломатија.

Марија Георгиевска од СДСМ во реплика, пак, го оцени однесувањето на опозицијата како обид по секоја цена да се смени власта дури ако треба и со жртви. Нејзината сопартијка Жаклина Лазаревска, исто така, во реплика рече дека е очигледно оти опозицијата ја губи битката со аргументите и затоа се обидува со свирење и правење циркус да го сокрие тоа.

Љупчо Димовски од СП во своето обраќање истакна дека за него не се прифатливи договорот, информацијата и заклучоците и оти нема намера да гласа за уставните измени кои ќе следат по ова.

-Премиерот најави широки консултации, но не смогна храброст да ја покани и Социјалистичката партија за да размениме мислења, информации и ставови и да се обидеме во конструктивен дијалог да го разубедиме да не влегува во ова апокалиптично сценарио, рече Димовски.

Според него, со францускиот предлог се поставува прашањето дали земјава аплицира за влез во Бугарија или за влез во ЕУ.

Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ го оцени францускиот предлог како ултимативен, срам и капитулација и со него, како што рече, ќе заглавиме во бугарскиот шовинизам.

-Преговарачката рамка не обезбедува европска иднина, туку асимилација и бугаризација. Нема Македонија да почне преговори, а ќе ги почне Албанија и тоа треба да му го кажете на народот. Со рамката не се штитат нашите интереси, туку за да станеме членки во ЕУ мора да се бугаризираме, нагласи Стојановски.

Павле Трајанов од ДС во својот говор посочи дека е за влез на земјава во ЕУ, но тој пат, како што кажа, е доста тежок, а во изминатите 10 години веќе се направени тешки отстапки.

-Како што поддржувавме Македонија да биде дел од НАТО сега поддржуваме да биде дел од ЕУ. Тој процес долго време е блокиран, првично од Грција, потоа од Франција, а сега од Бугарија. Јасно е дека долго ќе чекаме пред вратата, рече Трајанов.

Порача дека требаше од Владата да бидат предложени прифатливи заклучоци за сите пратеници и ги презентираше предлог-заклучоците изработени од ДС за кои рече дека во себе содржат дел од заклучоците на СДСМ и дел на ВМРО-ДПМНЕ. Додека говореше тој воопшто немаше бука во собраниската сала иако е дел од владејачкото мнозинство.

По неговото излагање следеше серија реплики од пратениците од опозицијата во кои му порачаа дека иако неговите ставови се против францускиот предлог тој се уште стои во Владата и контра реплики од Трајанов кој рече дека народот гледа и суди и додаде дека нема да поддржи уставни измени ако нема реципроцитет од бугарска страна, односно барем да ги прифатат и спроведат пресудите од Стразбур за Македонците во Бугарија.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    175 shares
    Share 70 Tweet 44
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ