На продолжението на 81 седница во Собранието со една точка на дневен ред Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година, за малку беше избегнат поголем инцидент.
По симнување од говорницата Димитар Апасиев дојде во вербален кофликт со пратеникот од СДСМ Мартин Костовски, која лесно можеше да ескалира во физичка пресметка.
Како што може да се види од снимката од ТВ Алсат, реакцијата на другите пратеници спречи поголем инцидент.












