• Latest
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

Тренчевска: Креираме мерки и решенија кои во фокусот ги имаат потребите на граѓаните

July 18, 2022
Скриншот од видео на ВВС

„Ни треба храна, немаме храна“ – очајот ја зафаќа Јамајка по ураганот

November 1, 2025
Скриншот од видеото од  украинската операција насочена кон клучен руски воен цевковод за гориво во Московската област на 31 октомври 2025 година/ HUR на Телеграм

„Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

November 1, 2025
Украина предаде руски воен затвореник обвинет за воени злосторства на Литванија на 31 октомври 2025 година. Фото: Национална полиција на Украина

„Историски преседан“ – Литванија кривично ќе гони руски воен заробеник осомничен за воени злосторства во Украина

November 1, 2025
Скриншот од видео на FRANCE24

Парискиот суд осуди четворица Бугари за сквернавење на Споменикот на холокаустот во операција поврзана со Русија

November 1, 2025
Фото: Berlin Brandenburg airport

Берлинскиот аеродром Бранденбург привремено ги прекина летовите поради забележан сомнителен дрон

November 1, 2025

🎬 Изборен молк: Време за тишина, време за размислување и одлука по сопствен избор

November 1, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности во ЦИВИЛ: Пополнете формулар, преку електронска пошта, телефонски повик или порака

November 1, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

Во Бразил протести против најсмртоносната полициска операција против нарко бандите

November 1, 2025
Жел. станица, Нови Сад (фото извор: Википедија)

Вишиот суд во Белград повторно го потврди обвинението на ВЈО за падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 1, 2025

Центар за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 1, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Тренчевска: Креираме мерки и решенија кои во фокусот ги имаат потребите на граѓаните

July 18, 2022 13:17
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска

Share on FacebookShare on Twitter

Минитерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска оствари средба со заменик амбасадорот  и раководител на економскиот оддел во Амбасадата на С.Р. Германија во Скопје, Ото Граф, на која разговараа на неколку теми кои се во надлежност на Министерството за труд и социјална политика.

Соговорниците разговараа за законското решение недела ден на неделен одмор, со кое се предвидува денот недела да биде неработен ден за сите освен за оние дејности каде поради техничко-технолошки причини процесот не смее да биде запрен, како и за исклучоците кои се наведени во законот.

Министерката Тренчевска појасни дека, законското решение предвидува и дека одредени линии во одделни дејности можат да работат доколку се од витално значење за функционирање на компанијата. Како и дека, работењето во недела треба задолжително да биде пријавно во Државниот инспекторат на трудот, електронски на веб страницата на инспекторатот.

На средбата се разговараше и за социјалната инклузија на лицата со попреченост на пазарот на труд.

„Владата и Министерството се залагаат за поголема вклученост на лицата со попреченост на пазарот на труд. Министерството подготвува законско решение кое е во насока на унапредување на правата на лицата со попреченост во смисла на вработувањето. На носењето на ова законско решение ќе претходи широка јавна дебата со сите засегнати чинители во општеството, со цел креирање на заедничко решение кое ќе одговори на потребите во општеството,“ истакна Тренчевска.

На средбата се отвори и темата за социјалната состојба на граѓаните, на што министерката даде осврт на досегашните преземени мерки на Владата кои ја потврдија својата ефикасност, наменети за ранливите категории на граѓани и компаниите погодени од кризата. Таа информираше дека со ребалансот на буџетот се предвидени дополнителни средства за мерки кои ќе го олеснат премостувањето на економската и енергетска криза особено за зимата која следи, а за која се очекува да биде тешка.

Соговорниците изразија уверување дека добро воспоставената соработка меѓу двете земји ќе продолжи и понатаму.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ