ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Етничката омраза од собраниската говорница“ на 20 јули 2022 година (среда) , со почеток 13 часот, во прес центарот на организацијата во Бизнис Центарот „Палома Бјанка“.
На настанот ќе се говори за улогата на политичарите и нивното спознавање на мултикултурализмот, институционалната застапеност, (не)дискриминацијата на општествено и институционално ниво.
Учесници на панелот ќе бидат пратениците Зекир Рамчиловиќ, Љатифе Шиковска и Мартин Костовски.
Настанот ќе биде емитуван во живо, на Фејсбук страницата и видео каналот на Јутуб на ЦИВИЛ.
Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, кој ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Министерството за надворешни работи и Европски прашања на Големото Војводство Луксембург.