• Latest

Пожарот во Беровско локализиран, гореше „Вардариште“ во Скопје и депонии во Делчево и Штип, продолжува гаснењето на пожарот кај делчевското село Очипала

July 24, 2022

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home НЕПОГОДИ

Пожарот во Беровско локализиран, гореше „Вардариште“ во Скопје и депонии во Делчево и Штип, продолжува гаснењето на пожарот кај делчевското село Очипала

July 24, 2022 09:17
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Пожарот што од пред два дена беснее на потегот во планските ридови помеѓу беровските селата Будинарци и Митрашинци е локализиран вчера попладне во 17 часот, премнесува МИА.

Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), тимовите и сите други учесници во гаснењето на пожарот се вратени во базите, а на терен остануваат дежурни екипи од Шумското стопанство „Малешево“ – Берово.

Во објава на својот профил на Фејсбук, ДЗС посочува дека во текот на денешниот ден ќе се направи контрола на теренот.

Во гаснењето на пожарот учествуваа тимови од ПОЗС Берово, Валандово и Куманово. Тимот од Свети Николе со пумпи беа ангажирани за полнење со вода базенот за полицискиот хеликоптер. Ер Тракторот дејствуваше на неколку наврати до целосно локализирање на пожарот, наведоа од ДЗС.

Командирот на Територијалната противпожарна единица од Берово, Сашко Руменовски информираше дека во гасењето на пожарот од утринските часови имале и хеликоптерска поддршка со направени над 27 прелети. – Користена е вода за гаснење на пожарот од импровизиран базен во соседното село Будинарци, изјави вчера Руменовски.

Центарот за управување со кризи (ЦУК), информираше дека покрај полициски хеликоптер во гаснењето на пожарот се вклучени 20 лица од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), 35 вработени во шумските стопанства, како и неколкумина локални жители.

Според ЦУК, близу пожарот е направен базен со вода од противпожарните сили од кој хеликоптерот го полни со вода ведрото и времето на дејство е скратено за три пати, бидејќи не мора да полни од Беровско Езеро.

Вчера во попладневните часови се реактивираше пожарот на депонијата за градежен шут кај месноста Ралова Чука во делчевското село Очипала, кој беше локализиран во петокот вечерта.

Во попладневните часови вчера поради високите температури избувна пожар на депонијата „Вардариште“, лоцирана спроти Јавното претпријатие „Лајка“ во Скопје, кој го изгаснаа две противпожарни возила, а се самозапали и депонијата „Трештена Скала“ во Штип, каде интервенираа пожарникари со две цистерни со вода и багер.

Во однос на други пожари во државата што биле службено регистрирани во претходните 24 часа, скопската Бригада за противпожарна заштита (БППЗ) имала пет интервенции од кои две поради запалено стрниште и поради опожарена ниска вегетација. Во двата почари вкупно се уништени се околу 6.000 квадратни метри.

Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) од Битола и Прилеп имале по една интервенција, додека валандовските пожарникари имале три интервенции – две поради запалена ниска вегетација и меѓи во село Брајковци и една за гаснење на запалена шума на површина од два декари кај село Дедели.

Кичевската противпожарна единица со пет пожарникари и едно возило гаснела запалено стрниште кај село Црвивци, додека ТППЕ од Охрид имала една мала интервенција.

Велешката територијална противпожарна единица со пет пожарникари и едно возило интервенирала за гаснење запалена ниска вегетација кај градската депонија, а ТППЕ Кавадарци, со двајца пожарникари и едно возило, гаснела запалена ниска вегетација во близина на село Фариш на патот кон Плетвар.

Претпладнево продолжува гаснењето на пожарот кај депонијата за градежен шут Ралова Чука во делчевското село Очипала.

Во моментот се уште гори внатрешниот дел на депонијата, откако вчера делчевските пожарникари направија појас на надворешниот дел, со што е спречено понатамошно ширење на огнот.

– Најголем проблем е внатрешноста на депонијата која гори на повеќе места, бидејќи иако ние ја изгасивме синоќа, поради лесно запалливите материи од градежниот шут, таа повторно се разгорува, велат од ТППЕ Делчево.

На терен и понатаму е пожарникарска екипа, а очекувањата се дека до пладне пожарот ќе биде изгаснат. Во гаснењето е вклучена и механизација од Јавното претпријатие ,,Брегалница”.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ