• Latest

За прогресивен данок ќе се одлучува преку јавна дебата

August 8, 2022
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
Фото: sec.mk

ДИК: Излезеноста до 11 часот е 9,21 проценти, најголем е одзивот во Пробиштип со 22 отсто, најмала во Сарај – 1,86 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео објавено од министерот за одбрана Пит Хегсет на Х, на која се прикажани два брода кратко пред да бидат погодени од ракета, во Источниот Пацифик на 27 октомври 2025 година.

САД нападнаа уште еден наводен брод за трговија со дрога во Карибите, при што загинаа 3 лица

November 2, 2025
Скриншот од видео на
The White House

Трамп му нареди на Пентагон да „се подготви за можна акција“ во Нигерија

November 2, 2025

МВР: 10 пријави и 19 објави на социјалните мрежи за прекршување на изборниот молк

November 2, 2025
Скриншот од видео на
RTBF Info

Дронови забележани над воена база во Белгија по втор пат за 24 часа

November 2, 2025

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025
Снимките се чини дека покажуваат украински хеликоптер како слетува на спорна територија во близина на Покровск на 31 октомври 2025 година. Фото: Оливер Керол / X

Зеленски тврди дека Русија распоредува 170.000 војници за напад во украинскиот регион Донецк, Сирски негира дека Покровск е опколен

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За прогресивен данок ќе се одлучува преку јавна дебата

August 8, 2022 18:02
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Основата на Концептот за даночната реформа е проширување на даночната основа преку повеќе измени во даноците на добивка, личен доход и додадена вредност, како и зелено оданочување. Истите претходно ќе бидат дискутирани и дебатирани со сите општествени чинители. Дали ќе се воведува прогресивно оданочување или не ќе биде дел од јавната дебата. Исто така, ќе се работи интензивно и намалување на сивата економија и на подобрување на услугите во јавниот сектор. Ова беа накусо пораките кои ги упати министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата со новинарите по повод почетокот на јавната дискусија за даночните реформи.

Концептот за даночна реформа се заснова на Стратегијата за даночна реформа, кој е долгорочен, планиран и добро анализиран процес, односно дел од големата фискална реформа за СМАРТ или паметни јавни финансии.

Со подобрувањето на наплатата на приходите ќе се обезбедат повеќе средства за развојни проекти на среден рок, додека на кус рок ќе има повеќе средства за антикризни мерки и заздравување на економијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Бесими посочи дека Владата на РС Македонија интензивно работи на новиот пакет антикризни мерки, што ќе биде претставен на јавноста.

Бесими посочи дека концептот на реформи на даночната политика во областа на данокот на добивка и данокот на личен доход се однесува на ревидирање на преференцијалните даночни третмани која ја нарушуваат неутралноста на даночниот систем преку фаворизирање на категории даночни обврзници или активности. Со тоа негативно влијаат врз неговата правичност и придонесуваат за зголемена нееднаквост во општеството.

Кај данокот на додадена вредност, потребно е натамошно зајакнување на основните принципи на неутралност и конкурентност, преку стеснување на листата на добра и услуги за кои се применува повластена стапка, како и оданочување на определен промет. Исто така, потребно е допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници за правото на одбивка на претходен данок, што ќе овозможи поголема правна сигурност за даночните обврзници, поголема ефикасност во спроведување на контролата и во прибирањето на даночните приходи од страна на даночната администрција, беше посочено.

Со даночните реформи, исто така, ќе се постигнат и некои системски цели, како спроведувањето на „зелената агенда“ и справувањето со климатските промени, посочи Бесими.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ