• Latest

Шаќири: Учебниците за учениците кои учат по стариот концепт ќе бидат навремено доставени

August 24, 2022

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

Дождот не го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: Учебниците за учениците кои учат по стариот концепт ќе бидат навремено доставени

August 24, 2022 20:11
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Децата од прво, второ, четврто и петто одделение чиишто наставни материјали се менуваат, нема да останат без учебници. МОН заедно со Бирото за развој на образование од први септември има подготвено материјали со цел да се задржи континуитет на учебниците и тоа само за првите два месеци, и тие навреме ќе бидат доставени до учениците и ќе бидат обезбедени од министерството, уверува министерот за образование, Јетон Шаќири.

Тој, во вечерашното гостување во „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ рече дека сите учебници за учениците кои учат по стариот концепт ќе бидат навремено доставени.

Шаќири нагласи и дека учебниците за трето, шесто, седмо, осмо и деветто одделение, како и за средно образование ќе бидат доставени до почетокот на учебната година.

Тој додаде дека во однос на барањето на граѓаните да се вратат печатените учебници дава целосна поддршка уште од почетокот на неговото доаѓање на функција, но дека постојат временски рокови за одредени постапки.

За проблемот со свидетелствата министерот ја посочи одговорноста кон Бирото за развој на образование.

– Веднаш реагирав во Бирото за развој на образование, ова да не се повтори, затоа што ние овие податоци ги имаме однапред, го знаеме бројот на ученици од почетокот на секоја учебна година, одговорноста мислам дека е во Бирото и очекувам оваа учебна година кога ќе заврши децата да ги имаат свидетелствата навремено, рече Шаќири, додавајќи оти е побарана одговорност.

Тој вели оти се работело за постапки што се однесуваат на законски временски рокови и тие се испочитувани, но во текот на постапката имало одредени проблеми, за кои изрази очекување дека во наредниот период ќе нема вакви проблеми од технички аспект.

Шаќири кажа дека деветтооделенците и тие што завршија средно образование имаат земено сведителства.

Министерот исто така оцени дека резултатите од рангирањето на успехот на учениците не се на задоволително ниво, нагласувајќи дека поради тоа се потребни реформи.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ