• Latest

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за Законот за игри на среќа и за забавните игри

September 1, 2022

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за Законот за игри на среќа и за забавните игри

September 1, 2022 15:43
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на денешната седница ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член од Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

-Уставниот суд ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2011, 52/2011, 148/2011, 74/2012, 171/2012, 27/2014, 139/2014,61/2015, 154/2015, 23/2016 и 178/2016), информираат од Уставниот суд.

Подносител на иницијативата е Адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска, кое смета дека Републиката има воспоставено монопол на електронски и интернет игри на среќа, односно исклучиво право за организирање електронски игри на среќа и интернет игри на среќа.

Според наводите во иницијативата, со вака пропишаната законска одредба, Републиката ги оневозможува приредувачите на игри на среќа да се стекнат со право да организираат електронски и интернет игри на среќа, а што е спротивно на член 55 од Уставот со кој се предвидува дека слободниот пазар и претприемништвото можат да бидат ограничени со закон само за одбрана на Републиката, природата, животната средина и здравјето на луѓето, а спротивно и на основниот принцип според кој се забрануваат монополи.

Уставните судиите на денешната седница не поведоа постапка за оценување на законитоста на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID -19 предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, поднесена од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК).

Според наводите во иницијативата оспорената Одлука била во спротивност со Законот за заштита на деца и со Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата. Во иницијативата се наведува дека Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца, пропишува дека воспитните групи за деца до две годишна возраст имаат максимум до 15 деца и двајца вработени во смена, а Воспитните групи за деца од две до десет годишна возраст да имаат максимум до 25 деца и двaјца вработени во смена, што било во спротивност со членот 64 од Законот за заштита на деца и членот 27 од горенаведениот колективен договор.

Подносителот сметал дека со донесување на оспорената одлука е зголемен бројот на деца во предучилишна возраст од 21 дете на 25 деца и тоа само во големите групи, а не и за групите од 0-2 години. Со оглед дека во конкретниот период немало воена или вонредна состојба, Владата немала можност да носи протоколи во спротивност на постоечкиот Закон за заштита на децата, каде подносителот наведува дека е повреден член 64 од истиот, како и член 27 од Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на децата.

Подносител на иницијативата бил Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија

На дневен ред на денешната седница била и иницијативата поднесена од Анита Галевски од Битола, која во 2018 година аплицирала на оглас за вработување како фармацефтски техничар при ЈЗУ Клиничка болница Битола и  била второрангирана. Според наводите,  раководните лица при ЈЗУ Клиничка болница Битола го избрале шесторангираниот кандидат, со што е направена повреда на правата на барателот. Против ваквата одлука, барателката поднела жалба до Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, но жалбата е одбиена како неоснована. По оваа точка Судот не донел одлука бидејќи во текот на расправата рефератот бил повлечен и ќе се одлучува на некоја од наредните седници. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ