Во својата колумна под наслов „Патот на Северна Македонија кон ЕУ е под закана од неочекуван актер“ за Алџезира на англиски јазик, проф. д-р Катарина Колозова предупредува на тоа дека кон противењето на „францускиот предлог“ и решението на спорот со Бугарија, му се придружи мнозинството од тоа што се сметаше за прогресивно и про-ЕУ граѓанско општество.
„Разбирливо е дека опозицијата ја користи ситуацијата за да бара политички придобивки. Но, во своето противење на „францускиот предлог“ и решението на спорот со Бугарија, му се придружи мнозинството од тоа што се сметаше за прогресивно и про-ЕУ граѓанско општество“ – пишува проф. Колозова.
Таа смета дека позициите на овие организации брзо се менуваат.
„Ова ја разоткри вознемирувачката реалност дека наводните поборници за интеграција во ЕУ многу брзо се откажуваат од неа и се залагаат за „алтернативи“ кои сигурно ќе го поткопаат демократскиот пат и стабилноста на Северна Македонија“ – пишува проф. Колозова.
Проф. Колозова смета дека решението за оваа токсичност во срцето на македонската политичка култура треба да се реши со културното зближување меѓу Северна Македонија и Бугарија, како и со иницијативата Отворен Балкан за која како следен чекор е да се отвори кон нејзините соседи членки на ЕУ Бугарија, Грција и Хрватска.