• Latest

Ципрас: ЕУ со недостиг на стратегија, визија и лидерство е големиот губитник од војната во Украина

September 18, 2022
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп тврди дека е подготвен за „втора фаза“ од санкциите против Русија, ќе разговара со Путин „многу наскоро“

September 8, 2025

Уште 7 дена за пријавување на повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи, крајниот рок е 15 септември

September 8, 2025
Фото: МНР на Украина/ Х

Честитки од МНР на Украина по повод Денот на независноста

September 8, 2025
Војо Маневски

Зошто се злоупотребуваат тајните служби?

September 8, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Зависна независност

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео

Одбележување на 34-годишнината на Денот на независноста – „Од сон до реалност, за вечност“

September 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на Al Jazeera English

Израелскиот врховен суд пресуди: Палестинските затвореници не добиваат соодветна храна

September 8, 2025

Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

September 8, 2025

Владата ја пушти „втората рата“ од 17 километри од делницата Кичево – Охрид

September 7, 2025

Тинејџери шетаат со пиштоли на улица и во кафуле – полицијата интервенира, но каде е системот?

September 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Ципрас: ЕУ со недостиг на стратегија, визија и лидерство е големиот губитник од војната во Украина

September 18, 2022 20:15
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Економски и геополитички, Европа е големиот губитник од војната во Украина, Европската унија има недостиг на лидерство, визија, стратегија, порача претседателот на СИРИЗА Алексис Ципрас за време на денешната прес – конференцијата на маргините на Меѓународниот саем во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Лидерот на грчката опозициска партија за време на традиционалната прес – конференција речиси три и пол часа одговараше на прашања на новинарите поврзани со различни актуелни теми во Грција: економијата, внатрешните проблеми во земјата, надворешната политика, односите со Турција, скандалот со прислушувањата, евентуалните постизборни соработки итн.

За руската инвазија, ја изрази поддршката за Украина, велејќи дека тие секогаш се со оној кој се брани и се против инвазијата и прекршувањето на суверените права на една земја, упати критики до ЕУ, но и истакна дека е важно мерките за Русија континуирано да се оценуваат, за да не биде, како што рече, „сами да си пукаме во нозе“.

-Сметаме дека од страна на Европската унија постои голем недостиг на стратегија. Сметаме дека од оваа голема криза во Украина, големиот губитник, освен украинскиот народ и луѓето кои ги загубија животот, големиот губитник, економски, геополитички е Европа која има огромен недостиг на стратегија. САД не губи, ниту економски ниту геостратешки. Економски не губи ниту Русија. Рубљата стана една од најсилните валути. Од зголемувањето на цената на природниот гас и огромните залихи, успеа да стане регулатор, да ја отвора и затвора славината. Европа е таа која е во вител и според мене, има јасен недостиг на лидерство, визија, стратегија, рече Ципрас.

Во однос на случајот со прислушувањата во земјата, лидерот на СИРИЗА истакна дека „во која било друга земја ќе имавме оставка на премиерот“, посочи дека станува збор за прашање кое не се однесува на СИРИЗА, туку на самата демократија, коментирајќи дека станува збор за „антидемократска диверзија“.

Додаде дека ќе продолжат да работат со средствата што ги дава институционалниот систем на земјата за целосно расчистување на случаите, преку Европскиот парламент и сите меѓународни форуми и паралелно предупреди дека сите оние кои ја знаат вистината и ја кријат, ќе се соочат со криминална одговорност.

На новинарско прашање за грчко- турските односни истакна дека „сигурно не може да се игнорира реториката на ескалација на Ердоган“, додаде дека секогаш имало тензии, но во последните години никогаш не било во толкава мера и посочи дека е важно соочувањето со оваа ескалација без дополнително да се прошири и на терен.

Упати критики и до актуелниот грчки премиер, како за досегашните постапки во односите со Турција, така и затоа што не одржува отворени канали на комуникација со соседната земја.

-Го слушнав господниот Мицотакис во говорот пред една седмица да му вели „јок“ на Ердоган. Ќе очекував господинот Мицотакис да кажува „ јок“ во моментот кога треба, а не пред неговата публика во Солун. Да вели „јок“ за бродот Оруч Рејс, кој наводно го дувна ветрот и ги прекрши нашите суверени права, да вели „јок“ за „Turkaegean“, односно турското Егејско море, кога ја отстапија употребата на името, наводно поради грешка на вработен. Во критичните моменти треба да се вели „јок“. Не го стори тоа, истакна лидерот на СИРИЗА.

Алексис Ципрас во синоќешниот говор на Меѓународниот саем во Солун ги претстави приоритетите и предлозите на партијата, ја изрази подготвеноста на СИРИЗА за преземање на власта, презентирајќи ја владината програма со шест големи приоритети за следните четири години, меѓу кои и зголемување на минималната плата на 800 евра, национализација на грчкото електростопанство, намалување на сметките за електрична енергија, намалување на ДДВ на храната итн.

На денешната прес – конференција рече дека конкретната програма е детално проценета и достигнува до 5,6 милијарди евра.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • ИНФЛАЦИЈА ЗА СИТЕ – ПРОФИТ ЗА МАЛКУМИНА: Сите лица и наличја на српската и македонската олигархија

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Јаневска контра Мицкоски: Учебници има, па нема, ама ќе има…

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Војводи“ нападнале средношколци во Тетово, двајца уапсени, полицијата трага по уште други напаѓачи

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Зависна независност

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ