„Украина добива важни победи на дипломатскиот фронт. Кулминација на неделата беше министерскиот состанок на Советот за безбедност на ОН, на кој бев сведок на целосна изолација на Русија. Одржав триесетина преговори и средби. Претежно со земји надвор од Европа и Северна Америка: Источен Тимор, Австралија, Сингапур, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Јамајка, Панама, Костарика, Мексико, Белизе, Гвинеја-Бисао, Малави и други“, објави на Истаграм, Дмитро Кулеба, украинскиот министер за надворешни работи.
„Беше важно да се направи скок надвор од „комфорната зона“ и да се заземат нови поволни позиции. Но, имаше и преговори со традиционалните сојузници. Накратко за резултатите: Интеракцијата со Глобалниот југ ја подигнавме на ново ниво и ја консолидиравме коалицијата во одбрана на „житниот договор“, ги убедивме земјите-членки на ЕУ да и дадат повеќе оружје на Украина и да воведат нови санкции против Русија, работиме на набавка на нови „Цезари“ од Франција, „Бушмастерс“ од Австралија, продолжуваме да работиме со САД за да донесеме одлука за развој на воздушната одбрана, ќе добиеме дополнителна воена помош од Белгија, ја убедивме Финска да започне процес на затворање на границата за Русите“, додаде Кулеба.
View this post on Instagram
Од посетата на 77-то Генерално Собрание на ОН, Кулеба истакна дека договорот за безбедност бил претставен на Франција, на генералниот секретар на НАТО и на другите партнери.
„Украина заслужува сигурни безбедносни гаранции пред да се приклучи на Северноатлантската алијанса. Во Кијив се враќам задоволен од сработеното“, истакна Кулеба.