Со учество на министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба, во Њујорк се одржа заеднички министерски настан на Украина, Данска, Холандија и Германија, посветен на изведување на Руската Федерација и нејзините граѓани, вклучително политичкото и военото раководство, пред лицето на правдата за злосторствата извршени во Украина.
Украина и партнерите ги координираа чекорите за истражување и гонење на виновниците за воените злосторства, злосторствата на геноцид и злосторствата против човештвото извршени од руското раководство и руските трупи во Украина, се наведува во соопштението од украинското МНР.
Отворајќи го настанот, Кулеба изрази благодарност до обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан за неговите напори да се воспостави правда за илјадници Украинци измачувани од руската војска.
Тој посебно истакна дека доведувањето на руската војска и раководството на меѓународна правна одговорност, не треба да се ограничи на судење пред Меѓународниот кривичен суд.
Шефот на украинската дипломатија ја истакна потребата од создавање сеопфатен механизам за компензација за штетите предизвикани од руската агресија врз Украина.
Во таа насока, Кулеба информираше за подготовката од страна на украинската страна на проектот на соодветната резолуција на Генералното собрание на ОН, која треба да се разгледува следниот месец.