На 29 септември Амбасадорката на Украина Лариса Дир одржа средба со Претседателот на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за меѓупарламентарни односи со Украина, Јован Митрески, информираат од Амбасадата на Украина во Скопје.
Соговорниците го забележаа високото ниво на билатерална соработка меѓу двете земји, особено на меѓупарламентарно ниво.
Амбасадорката Дир изрази благодарност на Северна Македонија за непоколебливата поддршка на Украина во нејзиното спротивставување на руската агресија, како и за помошта што ѝ ја дава на нашата држава во сите сфери. Декларацијата за осуда на воените дејствија на руската федерација кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, усвоена од страна на Собранието на 3 март оваа година, стана исклучително важна манифестација на солидарност со украинскиот народ во првите денови од руската инвазија.
„Денес на Украина повеќе од кога било има потреба од консолидирање на напорите на своите партнери за да го порази агресорот, бидејќи само заедно можеме да го надминеме ова страшно зло. И гласот на парламентарците овде звучи исклучително важно. Сигурни сме дека пратениците во македонското Собрание ќе продолжат да заземаат јасен став во однос на злосторствата на русија против Украина и Украинците. Сепак, ова не е ништо повеќе од продолжување на вековната империјална политика на геноцид врз нашиот народ“, изјави Амбасадорката Лариса Дир.
М.Д.