• Latest
Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Џафери: Заштитата на приватноста и на личните податоци се темелно право на граѓаните

October 7, 2022

Удри дете и избега! Полицијата го фати 59-годишниот скопјанец што прегази 11-годишно девојче во Маџари

October 31, 2025

Последен ден од изборната кампања за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

October 31, 2025

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Џафери: Заштитата на приватноста и на личните податоци се темелно право на граѓаните

October 7, 2022 12:32
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Фото: Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Заштитата на приватноста и на личните податоци се темелно право на граѓаните. За тоа да биде остварено, неопходно е националните органи за заштита на личните податоци, треба бидат стручно подготвени и законски поткрепени во секој сегмент од своето делување. Исто така, граѓаните треба да бидат целосно информирани за тоа кои информации се од јавен, а кои од приватен карактер и за тоа кои лични податоци смее да им се побараат и кој сѐ смее да им ги побара, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.

-Заштитата на приватноста и на личните податоци како темелно право утврдено во Членот 18 од Уставот на Република Северна Македонија претпоставува гаранција на заштитата од повреда на личниот интегритет и  заштита и на другите човекови права и фундаментални слободи при собирањето, обработката и употребата на личните податоци. Истите се  задолжителен сегмент од секојдневното функционирање на сите институции на централно и на локално ниво, што значи дека треба да се биде особено внимателен при реализацијата на тие процеси. Токму во овој дел, националните органи за заштита на личните податоци, како специјализирани во областа играат исклучително значајна улога, рече Џафери на завршниот настан од ЕУ твининг-проектот „Поддршка во спроведувањето на модернизираната правна рамка за заштита на личните податоци“.

Тој додаде дека за да бидат целосно подготвени и доследни на очекувањата од нив, Агенцијата и службата која што е нејзиниот движечки мотор, неопходно е да бидат стручно подготвени и законски поткрепени во секој сегмент од своето делување. Така, нагласи Џафери, ќе создадат за себе перцепција која ќе влева доверба и во граѓаните во однос на нивната работа, затоа што, приватноста е света, приватноста е темелно право и потребно е навистина да се води сметка во насока на почитување на истата, а сепак овозможување на нормално функционирање на елементите вклучени во тој процес.

-Важно е да се има предвид дека не се сите граѓани целосно информирани за тоа кои информации се од јавен а кои од приватен карактер. Важно е да се информирани за тоа кои лични податоци смее да им се побараат и кој сѐ смее да им ги побара. Согласно претходно кажаното, јасно е дека треба многу да се работи во насока на едукација на граѓаните за нивните права и обврски и генерално подигнувањето на јавната свест за ова прашање. Јас сум убеден дека на сите нас во одредени моменти, непромислено и без да ги знаеме последиците по нас и по нашата приватност, ни се случува своеволно и без притисок да дадеме значајни податоци, без да размислиме за последиците, само за да го истераме нашето барање докрај, потенцира претседателот на Собранието.

Според него, затоа е исклучително важно да се следи начинот на нивна обработка и натамошно процесирање, било да е на доброволна основа или на автоматизиран начин. Тој смета дека појдовна основа треба да биде доследното почитување на Законот за заштита на личните податоци од 2020 година, кој што е усогласен со европската регулатива во областа на заштитата на личните податоци на физички лица во поглед на обработката на нивните лични податоци, слободното движење на таквите податоци и за укинување на Општата регулатива за заштита на податоци.

-Уште поважно е градењето и зајакнувањето на капацитетите за работа со таквите податоци. Тука мислам на сите засегнати страни како контролори/обработувачи и субјекти на лични податоци. Верувам дека клучните проектни цели за подобрување на заштитата на личните податоци и заштита на приватноста  преку изготвените релевантни водичи и процедури и спроведените работилници со вработените се исполнети и во иднина ќе можеме да очекуваме позитивни резултати во оваа чувствителна област. Тоа значи подобра примена на важечките прописи и закон од страна на стручни и подготвени човечки капацитети за спроведување на тие законски одредби, рече Џафери.

Во обраѓањето тој се осврна на и на политичката, финансиската и функционалната независност и самостојност на Агенцијата за заштита на личните податоци. Таа, нагласи, е установена со закон и за истата треба да се создадат услови за да може да функционира ефикасно и ефективно.

-Таа независност е нужна за да може Агенцијата да ги извршува своите надлежности, задачи, овластувања и одговорности, кои сега се проширени и за кои се разбира треба да е поткрепена и со доволен број на стручни и професионални извршители. При тоа, извршителите да водат сметка да не ги злоупотребуваат овластувањата и статусот што го има Агенцијата и самите тие како вработени и да не се раководат од лични, деловни и финансиски интереси туку во секоја своја постапка да го штитат угледот на Агенцијата и својот личен интегритет, секако, нагласи претседателот на Собранието Џафери поизразувајќи убедување дека доколку сите го дадеме својот личен придонес во својот сегмент на делување, и Агенцијата и граѓаните ќе бидат позадоволни и ќе имаат поголема доверба во државата и државните институции.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ