• Latest
Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Европската Комисија денеска ќе го објави Извештајот за Северна Македонија

October 12, 2022

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Европската Комисија денеска ќе го објави Извештајот за Северна Македонија

October 12, 2022 08:47
in ВЕСТИ
Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Фото: Драган Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Европската Комисија денеска ќе го усвои пакетот за проширување на земјите од Западен Балкан со посебен извештај за напредокот на секоја од државите во процесот на евроинтеграции, вклучително и за Северна Македонија.

Како што пренесува МИА, ова е прв Извештај на ЕК за земјава откако на 19 јули се одржа првата меѓувладина конференција со ЕУ во Брисел, со што официјално беа отворени преговорите за членство.

Во Нацрт-извештајот на Европската комисија што треба да се објави денеска, а во кој Радио Слободна Европа имаше увид, оценето е дека Северна Македонија е умерено подготвена по речиси сите критериуми. Единствено во економските критериуми е наведен добар напредок, а во усогласеноста на земјава со европската надворешна и безбедносна политика има многу добар прогрес.

–Потребни се решителни напори за да се изгради динамика за реформи и придвижување во процесот на преговори со ЕУ. Потребен е особен фокус за да се обезбеди ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи, стои меѓу другото во извештајот.

Се наведува дека се направени реформи во службите за безбедност, но треба да се зајакне капацитетот за парламентарен надзор врз работата на тајните служби, а забележано е дека доцни донесувањето на законите за административни службеници и законот за вработени во јавниот сектор.

-Државната комисија за спречување на корупцијата беше проактивна во справување со случаите на непотизам, кронизам и политичко влијание во процесот на вработување во јавниот сектор и при назначувањето членови на надзорните и управни одбори, стои во извештајот.

Правниот систем постигнал одреден степен на подготвеност и е умерено подготвен, а земјата постигнала и одредено ниво на подготовка и е умерено подготвена за превенција и борба против корупцијата.
Во извештајот е наведено дека земјата е умерено подготвена во однос на слободата на изразување, а реформите во Македонската радиотелевизија се закочени поради одложувањето на именување членови во Програмскиот совет.

 

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ минатата недела изјави дека од новиот извештај на ЕК не се очекуваат некои изненадувања. Истакна дека тие извештаи секогаш ги гледаме како објективна оценка на работите и генерално се очекува позитивен извештај на ЕК.

– Имаме силен аргумент и во делот на заедничката надворешна и безбедносна политика, бидејќи оваа година првпат имаме 100-процентно усогласување со сите пакети на санкции на ЕУ и со сите одлуки донесени во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика, рече Маричиќ на брифингот одржан заедно со поранешниот хрватски преговарач со ЕУ, Владимир Дробњак.

Во тек е објаснувачкиот скриниг, а на 7 ноември треба да почне и билатералниот скрининг со ЕУ. Маричиќ смета дека билатералниот скрининг ќе ни донесе и поинтензивна динамика и поголем ангажман, но исто така е договорена и динамика за изготвување на оние три клучни патокази, што се во Преговарачката рамка.

– Начелно е договорено до крајот на март ние да ги изработиме трите клучни инструменти за реформи, што се инструменти и за пристапување и од кои два се формален услов, а еден е неформален, меѓутоа важен елемент за отворање на кластерот Темели. Кога ќе го завршиме скринингот треба да ги имаме одобрено овие патокази од Советот, како услов за отворање на кластерот. Тоа се трите патокази – едниот е за владеење на правото, вториот е за реформи во јавната администрација, тие два се задолжителни, а третиот е за функционирање на демократските институции. Тој формално не е услов, меѓутоа е важен да го имаме. Наша цел е до крајот на првиот квартал наредната година да ги имаме сите патокази што ќе ги предадеме на ЕК, која потоа ќе ги проследи до Советот, рече Маричиќ.

Тој оцени дека на крајот од скрининг процесот во ноември 2023, се очекува да ги имаме инструментите што се предуслов за почеток на преговорите – тоа се скрининг извештаите. Тоа значи дека сите барања, задачи што ќе ги утврдиме во текот на билатералниот скрининг ќе бидат ставени во еден скрининг извештај за целиот кластер.

На средбата меѓу премиерот Димитар Ковачевски и евроамбасадорот Дејвид Гир одржана на почетокот од минатата недела, беше оценето дека скрининг процесот со ЕУ се одвива добро. Како што соопштија од владината прес-служба, била изразена поддршка за следните чекори на патот на евроинтеграциите на Северна Македонија, со цел непречен тек на преговарачкиот процес.

Отворањето на поглавјата во пристапниот процес ќе следи откако Бугарите ќе бидат внесени во Уставот на земјата што како услов го постави Софија за да дозволи старт на преговорите.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ