Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати жестока порака по денешните руски напади со дронови.
Изгледа дека овој непријател во своето зло ги обединува сите досегашни непријатели на нашата државност. Дејствува подмолно – убива цивили, напаѓа станбени згради, инфраструктура. Денеска четири лица веќе загинаа како резултат на нападот на окупаторот врз станбена зграда во Кијив. Меѓу нив е и едно младо семејство кое очекувало принова. Операциите за спасување се уште се во тек, истакна Зеленски.
Тој нагласи дека „терористот мора да загуби и ќе загуби, а Украина ќе победи. И ќе го изведеме пред лицето на правдата секој руски терорист – од команданти до војници кои извршувале злосторнички наредби“.