Откако автобусите на ЈСП, по најавата дека се обезбедени пари за исплата на нивните септемвриски плати, денеска се вратија на улиците во Скопје, неколку автобуси, кои во организација на раководството на ЈСП беа паркирани на „Илинденска“ пред Владата во средата, и утрово останааа пред зградата на Владата.

Со ова, градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје самите го блокираат сообраќајот во главниот град, бидејќиавтобусите го блокираат булеварот и во сообраќајниот шпиц се прават километарски колони, што создава нервоза кај возачите, кои тешко стигнуваа до своите работни места.
Автобусите на ЈСП денеска се вратија на улиците по вчерашната одлука на Советот на Град Скопје да се пренаменат пари со цел исплата на платите на вработените во ова скопско јавно претрпијатие.
Градот вчера пренамени над 2 милиона евра за ЈСП „Скопје“ од други ставки во буџетот, а вработените денеска треба да ја добијат септемвриската плата.
Градоначалничката Данела Арсовска изјави дека парите што се пренаменети за плати се замена за парите што на јавното претпријатие му ги должат Владата односно Министерството за образование и општините и ги повика во најкус можен рок да ги исплатат.
Вчера во „Клик Плус“ на ТВ21 вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кажа дека му е жал за ЈСП и дека вината не треба да се гледа во Владата, туку во самата структура на ЈСП.












