Русија се обидува да ги исклучи телекомуникациите во Керсон за да ги спречи активистите и другите противници на руската окупација да испраќаат информации до украинската армија, соопшти денеска владата на Украина.
Оваа информација доаѓа во момент кога руските сили се повлекуваат во западниот дел на регионот Керсон пред очекуваната украинска контраофанзива, чија цел е ослободување на главниот град на регионот, воедно и најголемиот град окупиран од Русите од почетокот на војната.
Според извештајот на владиниот Центар за национален отпор, руските сили почнале да ја демонтираат комуникациската опрема во локалниот ТВ центар.
Русите планираат целосно да го остават градот без комуникации, телевизија и радио, се наведува во владиниот извештај.
На овој начин Русите ќе се обидат да го стават Керсон во целосен информативен мрак со цел да го оневозможат движењето на отпорот да пренесува информации до вооружените сили на Украина за време на контраофанзивата, велат од центарот на украинската Влада.












