• Latest

Шкријељ: Усвоени измените на законите за детска и социјална заштита

November 4, 2022

Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

October 30, 2025
Фото: Град Скопје

Арсовска го назначи Александар Јовановски за нов в.д. директор на Комунална хигиена – Скопје

October 30, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Тепање на руски војник со повикувачки знак „Фикса“ од 80-тиот тенковски полк на 90-та тенковска дивизија на Централната група. Фотографија: Скриншот од видео разговор со роднини/Верстка

Руските армиски началници мачат и егзекутираат војници кои одбиваат да се борат во Украина, открива истрагата на независниот медиум Верстка

October 30, 2025

Словенечкиот проблем: Кога стравот станува политика

October 30, 2025

Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

October 30, 2025
Скриншот од видео на CNN-News18

„Ова беше колеж, а не операција“- фавелата се тресе од најсмртоносниот полициски напад во Рио

October 30, 2025
Фотографија: Скриншот

Аналитичари за укинувањето на санкциите за Додик -„возвратена услуга“ за повлекувањето од функцијата претседател на РС, аналитичарите за укинувањето на санкциите за Додик

October 30, 2025

Нов фронт меѓу Албанците: Таравари и Села се борат за печат, а електоратот бега и апстинира!

October 30, 2025
Скриншот од видео на Firstpost

„Убиваа цивили во нивните кревети“- хаос и бруталност владеат во Судан по падот на Ел Фашер

October 30, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шкријељ: Усвоени измените на законите за детска и социјална заштита

November 4, 2022 12:48
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ продолжува со вистинска грижа за граѓаните. Собранието ги усвои измените на Законот за детска заштита и Законот за социјална заштита, што носат дополнителни придобивки за граѓаните од ранливите групи.

Со Законот за заштита на децата го уредивме правото на посебен додаток, кој го има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее самостојно со него до навршени 26 години“, рече Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.

„Висината на посебниот додаток за сите три подвидови на корисници се зголемува за 15 отсто, што е особено неопходно имајќи го предвид покачувањето на трошоците за живот.

На овој начин, во време на економска криза, ја подобруваме финансиската состојба на корисниците на правото на посебен додаток.

На вчерашната седница беа изгласани и измените на Законот за социјална заштита, со цел да се овозможи родител кој има дете со попреченост да користи траен надоместок на порана возраст.

Истовремено, со измените се предвидува меѓу корисниците на лична асистенција да бидат опфатени и лица со комбинирана попреченост.

Со законските измени се намалува возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година се грижеле за дете со попреченост без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 години за жени, односно од 64 на 62 години за мажи.

Во услугата за лична асистенција која опфаќа индивидуална помош и поддршка за лица од 6 до 65 годишна возраст се вклучуваат и лицата со комбинирани пречки.

Ова, почитувани е чесен, искрен и одговорен пристап кон нашите сограѓани. Ова е сосема различен пристап од деструктивниот неодговорен однос на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ,

Трета недела, Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории чека колегите од ВМРО-ДПМНЕ да закажат седница на Комисијата за финансирање и буџет на која би се разгледувале измените и дополнувањата на Законот кој опфаќа дополнителна финансиска поддршка на најранливите наши сограѓани.

Потребата од носење на овој закон по скратен постапка заеднички ја утврдивме уште на 18 октомври. За разлика од деструкциите и блокадите од ВМРО-ДПМНЕ, ние како парламентарно мнозинство продолжуваме со вистинска и конкретна грижа за сите наши сограѓани, особено за најранливите категории“, изјави Шкријељ.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ