• Latest
Зоран Иванов

Континуитет и дисконтинуитет

November 13, 2022

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ПО ДОПРЕН ГЛАС

Континуитет и дисконтинуитет

Фашизмот, тоа црнило под ноктите и на нашата македонска „десница“ не е само  експонат во нивниот идеолошки музеј, туку е жива материја проткаена меѓу редовите и на континуираното историско, а еве и на актуелно партиско дејствување.

November 13, 2022 11:49
in ПО ДОПРЕН ГЛАС, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Зоран Иванов

Зоран Иванов

Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Ванчомихајловизмот е дел од континуитетот на ВМРО, рече Мицкоски и не одрече.

Не го стори тоа и досега и со другите континуитети на овдешното ВМРО. Не одрече континуитетот со врховизмот, континуитет со груевизмот, еве и континуитет со ванчомихајловизмо и континуитет со …

Изјавата на партискиот водач за историскиот партиски континуитет побуди куп инсинуации од типот крвта не е вода но потсети и на куп факти како, наместо инсистирање на постулат за дисконтинуитет, тој отвореното и недвосмислено го дефинираше континуитетот и со докажаниот македонски негатор и профашистички лидер на една од егзистенцијалните етапите на ВМРО.

Традиција или партиска идеолошка матрица која, нели современото ВМРО, политичката партија ДПМНЕ, ја држи на дното на скалата на современата европска демократијата негувајќи секаков наводен патриотски, а всушност, еве, во антифашистичка Македонија, континуитет со фашизмот. Темата не е за прашање туку е за дилемата што треба да ја појасни актуелното партиско водство, пред се, нејзиниот лидер околу партискиот континуитет со фашизоидот негатор на Македонците, Ванчо Михајлов.

Од минатото нема бегање. Од менталното идеолошко наследство, од свеста и потсвеста на припадноста, исто така. На актуелниот прв човек на ВМРО-ДПМНЕ му се лизна фашизмот. Му се испреврти преку јазикот. Излегува дека кога потсвеста проговорува, свеста не премолчува. Но ја оставам оваа констатација на толкување на стручните, на психолози, психијатри, па сепак, првичната реактивна констатација на јавноста е дека претседателот на партијата само потврдил историски факт дека фашизмот, тоа црнило под ноктите и на нашата македонска „десница“ не е само  експонат во нивниот идеолошки музеј, туку е жива материја проткаена меѓу редовите и на континуираното историско, а еве и на актуелно партиско дејствување. И сето и онака некако идентично како кај своите сестрински или братски, сеедно, источни каракачанови истоименици.

На партијата која во своите кампањи ги испогани прво партизанските вредности, која своевремено и на клоци како партали ги набрка инвалидите од НОБ од нивните простории поради атрактивноста на локацијата на нивниот клуб во најстрогиот центар на Скопје и која ги понижуваше и ги исмејуваше борците создавачи на македонската држава, чии високи партиски функционери пафтаа со бугарски знамиња на бугарските планински врвови и кои не ја криеја гордоста што се носители на бугарски пасоши и на тамошни лични карти евидентирани на бандери по селата на западните краишта на нашиот источен сосед и кои го навредуваа творецот на современиот македонскиот литературен јазик, кои …. И затоа, македонската јавност сега воопшто и не се чуди за нејзиниот континуитет со Ванчо Михајлов.

Па ако неговата партија наследничка и нејзиниот актуелен претседател не можат да побегнат од минатото, ако дури се и горди и ако го негуваат таквиот континуитет, ако немаат абер ова нивно сегашново ВМРО да го исчистат од фашизоидните флеки, тогаш што туку се глумата и вревата околу именувањето на битолскиот бугарски клуб, на охридскиот со името на царот кој исто така застана зад нацизмот. Што на шега што сериозно но аналогно на сево, наредниот бугарски клуб во државава Македонија, зошто да не, што тука би било различно, би можел да го носи името на актуелниот претседател на актуелното ВМРО-ДПМНЕ. Ова неспорно, по примерот и со леснотијата со претходните регистрации и ова бргу би  минало и кај македонскиот Централен регистар.

На ДПМНЕ му е нужна итна идеолошка диференцијација. Во спротивно партијата и натаму ќе си го влече темните дамки на нејзиниот историски континуитет вклучително, како што си кажа и нејзиниот актуелен претседател, континуитет и со фашизмот што во ова време на современа Европа, него и партијата неминовно ги става на патот кој води до историското депо.

И затоа, доколку партијата на Христијан сака да ја живее својата политичката сегашност и да ја доживее својата партиска иднина, наместо восклик за континуитет, би било поарно да се позанимава со алатките што ќе и`обезбедат дисконтинуитет. Дистанца од континуитетот во кој се вткаени и нивни мрачни партиски ликови негатори на Македонците и на македонската држава.

Оттука, партиски континуитет или партиски дисконтинуитет – изборот е на сегашната генерација на самопрогласените наследници на историското ВМРО.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ