• Latest
Голодомор, Харкив, 1933 година (фото извор: Diocesan Archive of Vienna, Wikimedia Commons)

Неказнивоста и Гладоморот: 90 години подоцна, крвавата мисија продолжува

November 24, 2022

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

Неказнивоста и Гладоморот: 90 години подоцна, крвавата мисија продолжува

Геноцидната војна на Путин е продолжение на крвавата мисија на Сталин, започната со Гладоморот во 1932 година.

November 24, 2022 11:01
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Голодомор, Харкив, 1933 година (фото извор: Diocesan Archive of Vienna, Wikimedia Commons)

Голодомор, Харкив, 1933 година (фото извор: Diocesan Archive of Vienna, Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Говор на Џабир Дерала, ЦИВИЛ – Центар за слобода
Повод: Денот на сеќавање на Гладоморот (26 ноември)
Собрание на Република Северна Македонија, 24 ноември 2022

Почитувани Екселенции, почитувани дами и господа,

Длабоко човечка должност е да се крене гласот против злокобниот режим кој уби милиони луѓе – со глад!

Пред 90 години, Сталин, диктаторот на државата што во тоа време се нарекуваше Советски Сојуз, издаде наредба за систематско и масовно изгладнување на една цела нација. Изгладнување до смрт. Украинската нација тогаш беше исправена пред изборот – да се покори или да биде уништена.

За само две години (1932-1933), монструозната операција Гладомор (на украински: Голодомор) бележи „значаен успех“.  Теророт со глад уби повеќе од 4 милиони луѓе. Во просек, тоа се 5,5 илјади души на ден. Сепак, на крвожедниот сталинистички режим не му беше доволен Теророт со глад. Интелектуалците, писателите, просветните работници, православните свештеници, лидерите на заедниците беа апсени и прогонувани, депортирани во работни кампови или беа раселени низ Источна Европа, а многумина беа подложени на тортура и беа стрелани.

Режимот го даде „најдоброто“ од себе за да го скрши духот и да ја уништи идејата за слобода во срцата на луѓето – студено и систематски брутално.

Замислете како секој ден, пред вашите очи, да исчезнува по едно гратче од вашата држава. Да гледате како се гасат животите и исчезнуваат деца од градинките и училиштата, родилки од породилиштата, мажи и жени од улиците, од работните места, од домовите.

Замислете. Во една од најголемите житници во светот – за да се истреби нацијата – беше забранета токму храната. Целата нација која – и тогаш и сега беше позната по изобилството од храна – беше подложена на терор и изгладнување до смрт. Гладта беше оружје во рацете на геноцидниот режим кој им ја одземаше храната од рацете на децата, од полиците во домовите на луѓето. Селата ги опколија со војска и полиција, за да нема движење, да ја спречат солидарноста. Градовите останаа без трошка храна. Системот убиваше – милиони луѓе – со глад.

Причина: Затоа што се Украинци.

Деведесет години подоцна, сегашниот диктатор на истата држава која денес се нарекува Русија, тргна во освојувачка војна, со истата цел: Да ја покори Украина или да ја уништи.

На 24 ноември се навршуваат 9 месеци од почетокот на целосната воена агресија против Украина (да не заборавиме, војната започна во февруари 2014 година).

Соочена со херојскиот отпор на храбрите Украинци и Украинки, руската солдатеска ги компензира секојдневните понижувачки порази на бојното поле со грозоморни воени злосторства. Путин доследно ги следи стапките на својот учител Сталин и, заедно со своите послушници и соучесници во злосторствата против човештвото, спроведува нов геноцид против украинската нација.

Цивилите, меѓу кои илјадници деца, жени, невооружени мажи и возрасни луѓе се подложени на непрекинато и неселективно бомбардирање. Војската и платеничките паравојски, вооружени до заби, фрустрирани од сопствената неспособност и кукавичлук, уште од првите часови на инвазијата убиваат цивили, силуваат жени и деца, ги подложуваат на ѕверска тортура, ги ограбуваат нивните домови, ја уништуваат инфраструктурата и го крадат украинското жито кое ја храни не само Украина, туку и целиот свет.

Пред 90 години, сталинизмот тргна во крвав и подмолен поход против слободата и животот на милиони луѓе во Украина. Денес, рашизмот на Путин се обидува да ја заврши крвавата мисија на суровиот режим за која светот сакаше да верува дека е замината во мрачните поглавја на историјата.

Геноцидот што пред 90 години го спроведе сталинистичкиот режим преку Теророт со глад, помина неказнето. Токму затоа што светот ги затвора очите пред злото што живее во Кремљ, се случува нов геноцид. Сега, во овој момент. Освен бруталната огнена сила на ракетните системи и артилеријата насочени против цивилите, гладта повторно е оружје со кое се служи рашистичкиот режим. Зошто? Причината остана иста и по 90 години: Затоа што се Украинци.

Во пресрет на 8 Март 2022, Денот на жената, неполни две недели по почетокот на целосната инвазија на Русија против Украина, во Мариупољ згасна животот на шестгодишната Тањичка. Таа умре под урнатините на домот под неуморниот оган на руската артилерија. Умре од дехидрација, покрај мртвото тело на својата мајка, која прва им подлегнала на повредите од уривањето на нивниот дом.

Малата Тања е една од безбројните цивилни жртви во геноцидната војна на Путин. Продолжение на крвавата мисија на Сталин започната со Гладоморот во 1932 година.

Геноцидната војна што ја води Русија, негирањето на украинската нација, јазик и идентитет, анексијата на делови од територијата на суверената држава Украина и систематското спроведување на терор против цивилното население, целосно го уриваат меѓународниот поредок. Војните за освојување на територии и претворањето на енергенсите и храната во оружје сега се реалност за светот.

Ако Путин и неговите партнери барем делумно успеат во своите злосторнички намери и ако се извлечат од одговорноста за геноцид, за Украина втор во овие 90 години – светот кој го познаваме ќе потоне во заборав.

Исправени сме пред новата мрачна реалност – секојдневни конфликти, нови жестоки воени жаришта и бранови на терористички напади, нуклеарни закани, сајбер војни, глад, несигурност и брутални насилства насекаде во светот.

Затоа, судбината на Украина е и судбина на светот.

Светот, сепак, има шанси за поинаква иднина, но само ако ги препознае и осуди злосторствата и геноцидот во минатото и сегашноста – без страв и без предрасуди.

Дозволете ми, од ова место, да упатам апел до парламентарците на мојата земја, Република Северна Македонија, да го прогласат Гладоморот за геноцид и да продолжат со благородната поддршка на украинската борба за слобода. За да не се повтори никогаш повеќе.

Сакам да им изразам најдлабока почит и благодарност до сите Украинки и Украинци кои избраа слобода наместо покорување, по цена на неизмерни жртви. И пред 90 години и денес.

Все буде Україна! Слава Україні!


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ