ЦИВИЛ денеска навршува 23 години од своето постоење како организација која секогаш е прва на линијата во одбрана на човековите права и слободи.
ЦИВИЛ е организација за човекови права и слободи, формирана на 25 ноември 1999 година, а неформално е активна од 1996 година.
„Секој ден во ЦИВИЛ започнува со неизвесност – колку нашите стремежи, вредности и заложби ќе успееме да ги претвориме во реалност. Тоа е секојдневна борба. Спремни сме да ја водиме докрај. Годишнината на ЦИВИЛ е свечен чин за десетици илјади граѓанки и граѓани што биле и се вклучени во работата на организацијата.
Еднаш ЦИВИЛ, секогаш ЦИВИЛ! Нека ни е честито!“ – Џабир Дерала во „23 години ЦИВИЛ: Борбата продолжува!“