• Latest
Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање / фотографија: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Нуредини: Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“

January 13, 2023
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обнова: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Нуредини: Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“

January 13, 2023 11:59
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање / фотографија: Дехран Муратов, ЦИВИЛ
Share on FacebookShare on Twitter

Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, одговарајќи на новинарско прашање за кривична пријава против цементарницата „Усје“ за загадување на Скопје. Од „Усје“ ги демантираа овие обвинувања.

– Имале заедничка соработка Државен инспекторат за животна средина и локален инспекторат на Град Скопје. Имало направено вонредна инспекција на „Усје“, на барање од институции од државата и на Град Скопје. Резултатите ги имаме, сега ние го разгледуваме извшетајот и ќе продолжиме со тие процедури што се законски потребни и ако има некоја пропуст, ќе има и санкции на таа фирма. Целосно, транспарентно ќе го презентираме, кога извештајот ќе биде разгледан и комисијата ќе го има разгледано целиот, истакна министерот.

На прашање дали ги отфрлува обвинувањата на градоначалничката Данела Арсовска, тој одговори дека не, но, „како Министерство, не преземаме кривична против никого“.

Според анализа што траела една година, како што кажа министерот, се покажало дека 35 отсто до 45 проценти, загадувањето во градот Скопје доаѓа од палење на биомаса. На второ место биле стари возила.

– Нашата стратегија во Владата, да направиме измена на начин на греење на јавни објекти, е тоа што е потребно и да ги поддржиме нашите граѓани да направат измена на, кога има можност, греење на домови. Но, клуч на целиот проблем ќе биде секундарна и терцијарна мрежа за гасовод во нашата држава, подвлече министерот.

Нуредини присуствуваше на отпочнување на изградба на фекална канализација во Страчинци во Општина Гази Баба.

Tags: „Усје“Данела АрсовскаНасер Нуредини
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ