• Latest

ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува ликот и делото на Делчев и останува најголема пречка на нашата европска иднина

February 3, 2023

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
фото: Државен инспекторат за животна средина

Дождот не го запре чадењето од Дрисла, пожарот ќе се затрупува со земја

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

(ВИДЕО) Катарскиот премиер Ал-Тани го обвини Нетанјаху дека „убил секаква надеж“ за израелските заложници

September 11, 2025
Фото: Скринчот од видео на
CBS News

Руски дронови веќе влегоа во воздушниот простор на неколку НАТО членки – многу други може да бидат во нивниот дострел

September 11, 2025

Метаморфозис: Политичките влијанија и финансиските проблеми ја гушат медиумската слобода

September 11, 2025

Бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

„Нетанјаху, не си одиме, справете се со Хамас, одете и убијте ги, ние не сме виновни“- пркос во Газа, додека Израел се подготвува да го освои северниот дел од Појасот

September 11, 2025

Пратеници денеска во посета на Агенцијата за разузнавање во врска со прислушувањето

September 11, 2025
Nepali Parliament set on fire by Gen. Z protesters
Source> screenshot from Al -Jazeera video

Непал: Парламентот во пламен, соборен премиерот, демонстрантите од Генерацијата З бараат поголема застапеност

September 11, 2025

(ВИДЕО) Шефот на полското МНР, Радослав Сикорски ја обвини Русија дека намерно го нападнала воздушниот простор на Полска

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува ликот и делото на Делчев и останува најголема пречка на нашата европска иднина

February 3, 2023 18:58
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

ВМРО-ДПМНЕ ги злоупотребува ликот и делото на Делчев и останува најголема пречка на нашата европска иднина. И покрај сите апели за деескалирање на наелектризираните односи меѓу Скопје и Софија, и покрај заедничките напори на двете влади и во вакви услови да се организира достојно чествување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, ВМРО-ДПМНЕ организираше настан како уште една провокација која ја спроведуваат „актери“ од нивната младинска унија, или од нивните позадински, опскурни структури како што беше и настанот со претепувањето на Пендиков.

На ден пред 4 февруари, годишнината од раѓањето на Делчев, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за град Скопје, организираше настан кој од повеќе аспекти е провокација која што има за цел да предизвика возвратна реакција на нивните „клонови“ во Бугарија.

Тоа што прават младите дпмне „унионисти“ е навистина поигрување со ликот и делото на Гоце Делчев од следбениците на нарачетелите на убиствата на авентичните синови на ВМРО Ванчо Михајлов, Тодор Александров и егзекуторот Андон Лазов Ќосето.

Организирањето на вакви и слични настани, како очајни обиди на Христијан Мицкоски да ги засилува тензиите и да ја вознемирува јавноста, само ја разбива кохезијата меѓу народот и создава нови причини да се предизвика реакција од другата страна. Како да не е доволно предупредувачка поуката од новата декларација донесена со огромно мнозинство во бугарскиот парламент во која се наведува дека „ескалацијата на антибугарската кампања во Северна Македонија може да го загрози процесот на вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, како и развојот на демократските процеси и институции во Северна Македонија и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија, што им служи на интересите на трети страни“.

Од аспект, пак, на историското дело и мисија на Гоце Делчев, сите овие постапки на ВМРО-ДПМНЕ се спротивни на неговата визија за Македонија и за нејзиното место во заедницата на народите.

Гоце Делчев бил визионер, идеолог и предводник на македонското национално- ослободително дело од крајот на 19-тиот и од почетокот на 20-тиотр век и клучните дострели на македонската илинденска генерација несомнено го продолжија неговото дело, а вредностите на тоа дело се вградија во државнотворните процеси низ сите идни декади до формирањето на македонската држава според сите принципи за самопределување на меѓународното право.

Благодарејќи на својата посветеност на делото, Делчев го има трајно обезбедено своето место во колективното паметење на македонскиот народ, а неговите идеи и космополитизам, кои беа далеку пред времето во кое живееше и тие и денес ги надминуваат националните и регионалните рамки.

Тие негови карактеристики далеку ја надминуваат конзервативната застарена матрица на ДПМНЕ којашто со сите свои постапки ја става(ше) Македонија во сѐ подлабока и подлабока ситуација, секогаш во отворена кавга со своите соседи.

Наспроти таквите принципи, општочовечки концепти за слобода, правда и рамноправност за коишто се залагаше Гоце Делчев, денеска не прават горди затоа што ние, денешните граѓани на Македонија, можеме да кажеме дека ги споделуваме неговите идеали со сите слободољубиви народи во светот, без разлика на временската дистанца во која биле создадени.

Македонскиот народ денеска својата држава ја гледа без никакви комплекси како еднаква во натпреварот со другите, во свет разбран како поле за културен натпревар меѓу народите.

Денеска, кога светот дефинитивно не препознава како Македонци, со македонски јајзик и писмо, во суверена држава членка на ОН, нам не ни останува ништо друго освен да ја негуваме взаемното разбирање, солидарноста со вредностите што заеднички ги сподедлуваме со останатите земји членки на ЕУ и со нашите соседи.

Тоа е начинот да покажеме дека тоа се, всушност, идеалите на Делчев и дека тие се еднакво актуелни и прогресивни и денес.

Сѐ друго е спротивно на тие вредности и на нив треба да се гледа како на сили кои имаат да го попречат процесот низ кој Северна Македонија треба да го заземе своето мести во ЕУ како наша стратешка определба.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ВМРО - ДПМНЕГоце Делчевлик и делораѓањечествување
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    128 shares
    Share 51 Tweet 32
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ