• Latest

Гоце Делчев бил против „рускиот тиран“ и мешање на Русија во Македонија

February 3, 2023

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Гоце Делчев бил против „рускиот тиран“ и мешање на Русија во Македонија

February 3, 2023 21:36
in КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во едно писмо пишувано во Штип, до Ефрем Каранов во 1895 година, апостолот на македонското дело Гоце Делчев зборува против проруските агитатори кои сакале да кренат предвремено востание во Македонија.

Еве како агитирал Чакаров во офицерска униформа, како што го цитира Делчев:

“Ќе кренам внатрешно востание, па штом ќе се развее знамето, Русија, о славна Русија, во истиот миг ќе навлезе во Македонија и ете ти, ние сме ослободени “(?? !!).  Така ли мисли тој, така ли мислите и Вие, па најпосле така ли треба да се воспитуваат востаниците? Ако им давате такви голи надежи на востаниците, знајте дека и најпрвиот херој во извесни моменти ќе дојде до најголемо разочарување. Не, така со ништо не помагаат лагите, особено оваа. Трудете се да се искорени оваа слабост (очекуваната помош од рускиот тиран) и од најзаблудениот страшливец, па наместо неа нека се оживее непобедлива сила на самоувереност и решителност и тогаш, верувајте, секој еден ќе се бори докрај со најголема суровост.“

Гоце Делчев не само што пишувал против „рускиот тиран“, туку отворено се спротиставувал на проруските агитатори кои неосновано ветувале воено ослободување на Македонија од страна на Русија, по кревање на востанието.

Гоце Делчев уште во 1895 година бил визионер, и испаднал во право. Русија правела се што е во нејзина моќ за да спречи внатрешно востание во Македонија, а откако било кренато, за да го задуши.

Академик Владо Поповски, повикувајќи се на руски официјални извори, укажува дека :

„Во текот на самото Илинденско востание, во екот на турските безобѕирни рушења и уништувања на македонските села и на неборбеното население во нив, министерот за надворешни работи, грофот Ламздорф, ги повикал руските конзули на теренот да се обратат до постраданото и загрозено македонско население и да му ветат руска заштита доколку се откаже од комитетите и од водачите на востанието и доколку ги предаде на турските власти, инсистирајќи на тоа тие бргу, решително и ефикасно да го задушат востанието“.

М. Д.

Tags: апостолвостаниеГоце Делчевписмопроруски агитаторируски тиран
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ