Бројот на училишта до кои денеска до 11 часот се пристигнати закани за бомби се зголеми на 66 во Скопје и едно училиште во Прилеп. Дојава е упатен и до една скопска детска градинка.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за безбедно евакуирање на објектите и дека во тек се антитерористички проверки.