• Latest

Андонов: Глобалната криза нé принуди да ги поставиме енергетските приоритети највисоко на агендата

March 3, 2023

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Андонов: Глобалната криза нé принуди да ги поставиме енергетските приоритети највисоко на агендата

March 3, 2023 10:20
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Соработникот за енергетика, Виктор Андонов учествуваше на тркалезна маса во организација на УСАИД на тема „Инвестиции во развивање на енергетски средства – инвестиции во енергија” на којашто се дискутираше за инвестицискиот проект на УСАИД.

„Глобалната криза нé принуди да ги поставиме енергетските приоритети највисоко на агендата, енергетската транзиција, енергетската независност и диверзификација во снабдувањето со енергенсите. Тоа се воедно и столбовите на долгорочна одржлива економија, која за граѓаните ќе донесе повисок животен стандард, а за компаниите поголема конкурентност на пазарите, ликвидност и раст. Инвестирањето во енергетска инфраструктура и диверзификацијата на енергетските ресурси и рутите на снабдување е од исклучителна важност за енергетската сигурност на Република Северна Македонија.

Тоа е нотирано и во нашите стратешки документи и планови кои предвидуваат енергетска транзиција и декарбонизација на нашата економија. Република Северна Македонија прва во регионот донесе Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година базирана на европскиот зелен договор, со која јасно е дефинирана нашата определба за инвестиции во чиста енергија, но и зголемување на сигурноста на нашите енергетски системи. Први го изработивме и донесовме и Националниот план за енергија и клима во кој е потврдена и разработена во детали Стратегијата за развој на енергија”, рече Андонов.

Андонов зборуваше дека Европската Унија донесе План „RePowerEU” со кој се испратија јасни сигнали дека единствена опција за градење на одржлива економија е енергетска транзиција и зголемено инвестирање во обновливи извори на енергија, како и зголемено инвестирање во енергетска ефикасност.

„Енергетската транзиција е веќе реалност и таа се случува. За само една година, во 2022 година Регулаторната комисија за енергетика издала лиценци за 152 мегавати нови објекти за производство на електрична енергија и тоа сите од обновливи извори на енергија, мали хидроелектрани, фотонапонски електрани, ветерни електрани и електрани на биогас. Иднината на нашата енергетска транзиција е производството на чиста зелена енергија од нашите природни потенцијали, сонцето, ветерот и водата”, истакна Андонов.

Андонов рече дека проектот на УСАИД за развој на инвестиции во енергетски проекти доаѓа во вистинскиот момент за нашата држава и дека ќе овозможи клучна поддршка со цел обезбедување на нашата енергетска сигурност, како и поддршка за македонската енергетска транзиција и градење на одржлив енергетски сектор и додаде дека УСАИД и во минатото, а и сега се покажа како еден од нашите најголеми партнери во спроведување на енергетската стратегија која ќе овозможи економски напредок за државата и граѓаните.

Извор: фронтлајн.мк

Tags: АндоновенергијаУСАИД
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ