• Latest

Потпишана Декларација на жени лидери за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа

March 23, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Потпишана Декларација на жени лидери за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа

March 23, 2023 13:20
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зајакнувањето на жените во политиката, силно лидерство, вмрежување и родова еднаквост се дел од клучните работи кои се во фокусот на Форумот на жени – лидери за добро владеење и антикорупција што се одржува денеска во Скопје.

На настанот за промоција на форумот што е инициран од вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, и поддржан од Агенцијата на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (ОН Жени), Регионалната иницијатива против корупцијата (РАИ) и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНOДЦ), беше потпишана Декларација на жени лидери за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа.

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, при промовирањето на овој регионален форум, истакна дека доброто владеење е клучно за градење на довербата меѓу граѓаните и нивните институции, но и за односите меѓу државите.

Изјави на „Форумот на жени лидери од југоисточна Европа за добро владеење и антикорупција”, инициран од  вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и поддржан од

– Со воспоставувањето на овој форум, на оваа нова регионална мрежа, сакаме да ги истакнеме вредностите и придобивките од соработката и солидарноста на жените, но истовремено да пратиме порака дека сме отворени за сојузништва со сите кои се залагаат за почитување на принципите на доброто владеење, рече таа.

Преку овој Форум, како што истакна вицепремиерката Грковска, со размена на добри практики, совети, човечка и професионална поддршка, ќе си излеземе во пресрет едни на други.

– Да се вмрежуваме преку заедничките заложби за поголема отвореност, цврст интегритет и етика, рече вицепремиерката Грковска.

Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, на настанот што се одржува во „Хотел Хилтон“, истакна дека жените промовираат промена и унапредување и тие ги трансформираат конверзациите во случаи на конфликти.

Анцела Агелер

– Во Северна Македонија и подалеку, сега, повеќе од кога било, ни е потребно силно и искрено лидерство за борба против корупцијата и промовирањето на доброто управување, рече Агелер.

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид истакна дека зајакнувањето на позицијата на жените во политиката е од критично значење за да се обезбеди правата на жените да бидат признати и зајакнати и да се овозможат тие да го промовираат и обликуваат ефективното добро владеење и борбата против корупцијата.

– Да се биде присутен не е доволно, преку учество и ангажирање, мислам лидерство, не само да се седи на масата, туку да се биде на чело на масата, ние мора да престанеме да мислиме само на тоа да се вклучат жените во разговорите, жените лидери можат и треба да ги водат разговорите, рече таа.

Хелга Марија Шмид

Според Шмид, корупцијата не е родово неутрална, туку, таа е присутна кога има нееднаквости и несразмерноста влијае врз жените, а разбирањето на поврзаноста помеѓу родот и корупцијата, како што вели, „е почеток на точка за креирање подобри политики и поефективни интервенции“.

Раководителката на програмската канцеларија на ОН Жени, Весна Ивановиќ Кастаред рече дека корупцијата и родовата нееднаквост се тесно поврзани и корупцијата ги влошува родовите нееднаквости.

– Влијанието на корупцијата е различно кога станува збор за различни родови, а доколку имаме докази за тоа можеме да утврдиме информации за креаторите на политики со цел да се формираат добри практики за борба против корупцијата, рече таа.

Како пример Ивановиќ Кастаред ја посочи сексуалната изнуда, која што, како рече,  ретко е вклучена во дефинирањето на корупцијата.

Ивановиќ Кастаред смета дека поголемото учество на жените во јавниот и политичкиот живот, може да помогне да се дизајнираат родови пристапи кон антикорупцијата и со тоа да се спречи жените да бидат жртви на корупцијата и да се зајакнат и да пружат отпор кога тоа ќе се случи.

Шефица на Секретаријатот на Регионалната иницијатива против корупцијата (РАИ), Десислава Гоцкова сподели дека намерата е да се иницира поголема, поширока јавна дебата и да се мотивира подлабинско истражување и дијалог за сите овие прашања.

– Преку спојување на жените лидери од целиот регион ние ги поттикнуваме жените од сите возрасти да учествуваат во креирањето на политики и одлуки со што ќе се зголеми гласот на жените и нивната перспектива и ќе се промовира регионалната соработка, рече Гоцкова.

Експертката за спречување криминал и кривична правда од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), Џенифер Сарвари Бредфорд, исто така, смета дека жените со своето лидерство можат да помогнат да се ублажат ризиците од корупција.

– Ние треба да го диверзифицираме донесувањето на одлуките, треба да го скршиме статусот кво, да го скршиме стаклото и токму затоа е потребно ова да се направи, рече Сарвари Бредфорд.

Во рамките на настанот има и две панел дискусии наловени „Како женското лидерство може позитивно да влијае на доброто владеење и демократскиот развој во регионот?“ и „Жените во граѓанското општество и истражувачкото новинарство – клучна алка во градењето на подобро општество за сите“.

Tags: Грковскафорум на жени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ