• Latest
Фото: МИА

Местото на Северна Македонија е исто како и местото на нашите други партнери на Западен Балкан во Европската Унија

March 26, 2023

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Местото на Северна Македонија е исто како и местото на нашите други партнери на Западен Балкан во Европската Унија

March 26, 2023 14:27
in ВЕСТИ
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија Аналена Бербок во четвртокот престојуваше во официјална посета на Северна Македонија на покана на нејзиниот колега шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Главниот фокус во разговорите беше пристапувањето на земјата во ЕУ, а особено потребата за уставни измени како неопходен чекор кон Унијата.

Во таа насока е и соопштението за јавноста на министерката Бербок, пред нејзиното поаѓање за Северна Македонија, објавено на Фејсбук страната на Амбасада на Сојузна Република Германија во Скопје коешто ви го пренесуваме во целост.

Местото на Северна Македонија е исто како и местото на нашите други партнери на Западен Балкан во Европската Унија. Дека сме сериозни во врска со тоа, за тоа не би требало да постои повеќе никаков сомнеж, најдоцна од официјалниот почеток на пристапните преговори со ЕУ во јули 2022 година.

Големите надежи и очекувања што луѓето во Северна Македонија ги поврзуваат со пристапниот процес за нас претставуваат и шанса и опасност истовремено: опасност, бидејќи може да ги изгубиме Македонките и Македонците за Европа доколку ние како ЕУ ги разочараме нивните очекувања и покрај сиот напредок и делумно болните компромиси што ги направија во изминатите 17 години.

Шанса, бидејќи сите учесници во процесот на проширувањето на ЕУ се свесни за што станува збор во суштина: за иднина во европското семејство, за регион со стабилна благосостојба и мир, за самоопределба. Можам добро да разберам дека токму околу прашањата за сопствениот идентитет, сопствената историја, јазик и култура, дискусиите во Северна Македонија се водат со срце и страст – и кај нас тоа не е поинаку и важи секако токму за начелните прашања како промена на уставот.

Но, искуството покажува: во такви ситуации вреди да се стави настрана партиско-политичката калкулација, човек да се води од јасната цел и одлучно да се бори за тоа. Широка поддршка во Собранието на Северна Македонија за промена на уставот би испратила сигнал не само во самата земја, туку и надвор од неа, во целиот регион: апсолутно го сакаме приемот во ЕУ и правиме сè што е потребно од наша страна за тоа.

 

Tags: Аналена Бербокпристапни преговориСеверна Македонијауставни измени
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ