• Latest

Усогласени повеќето одредби од Предлог-општиот колективен договор, продолжува дијалогот за методологијата за плати

April 6, 2023

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Усогласени повеќето одредби од Предлог-општиот колективен договор, продолжува дијалогот за методологијата за плати

April 6, 2023 20:11
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Нова предлог-методологија која се базира на тоа дека основната бруто плата ќе биде резултат на минимална бруто плата плус број на бодови за работно место помножено со вредноста на бодот, беше изнесена на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС).

Во текот на дискусијата, како што соопшти Министерство за труд и социјална политика (МТСП), синдикатите посочиле методологија на плати со бодови да биде замената со систем на плати врз основа на коефициент на сложеност, како поедноставна методологија.

-Беше договорено синдикатите да достават предлог по писмен пат за нивна предлог методологија за пресметка на платите до Економско социјалниот совет, како и дека дијалогот ќе продолжи по велигденските празници, информира МТСП.

На седницата бил номиниран и член од ЕСС во Советот на статистика при Собранието, а се дискутирало за Предлог-општиот колективен договор. Седницата ја отвори министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како претседавач на ЕСС. За член во Советот на Статистика од ЕСС беше номинирана претседателката на Организација на работодавачи, Владанка Трајковска.

Во однос на работата на новиот Предлог-општ колективен договор, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изрази задоволство од сработеното на  работната група и посочи дека преку отворена дискусија може да се дојде до одржливо решение.

Од претставници на Министерството за труд и социјална политика, кои се членови на работната група, информираа дека членовите на работната група го помина целиот колективен договор и во најголем дел сите страни се усогласени, со исклучок на мал дел од одредби во  делот на плати. 

Tags: економско-социјалниот советколективен договорплати
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ