• Latest

Украинската амбасада го чествува Денот на сеќавање и помирување

May 8, 2023
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинската амбасада го чествува Денот на сеќавање и помирување

May 8, 2023 09:59
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на Украина во Северна Македонија на официјалниот профил на Фејсбук објави соопштение по повод 8 мај, Денот на Сеќавање и помирување, со галерија од фотографии.

На 8 мај, Денот на сеќавање и помирување, Украина го почитува споменот на сите кои се бореле против нацизмот и на сите жртви на Втората светска војна.

Украинците на страната на антихитлеровската коалиција направиле значаен придонес во победата над нацизмот и сојузниците на Хитлерова Германија. Цената на овој придонес се исклучително високи загуби во текот на годините 1939-1945 година меѓу Украинците и другите народи кои живееле на територијата на Украина. Тогаш загинале повеќе од осум милиони луѓе. Затоа, добро ја знаеме цената на војната, се наведува во соопштението.

Втората светска војна стана возможна поради заговорот на нехуманите режими – нацистичкиот и советскиот. Наследник на вториот во денешно време е руската федерација.

Денес, руските власти практично го уништија системот на меѓународни односи воспоставен по Втората светска војна. Со својата вооружена агресија против Украина, таа ја покрена првата континентална војна во Европа во 21-виот век, поткопувајќи го системот на колективна глобална безбедност. Во ова, рф наликува на Хитлеровата Германија од 1930-тите години во пресрет на глобалниот конфликт.

Денот на сеќавање и помирување не го симболизира триумфот на победниците над победените, туку предупредувањето – диктаторите секогаш се обидуваат да ги задоволат своите империјалистички амбиции со помош на вооружени средства, ултиматуми, агресија, анексија.

Денес, како и во годините на Втората светска војна, Украина е во војна со агресорот. Меѓутоа, сега путинова русија зборува за „одлучувачки придонес на русите во победата над нацизмот“. Денес, токму рф, која ги апсорбира сите злосторнички  практики на нацизмот и комунизмот, посегнува по нашиот територијален интегритет и го уништи мирот во Европа.

Нашата борба трае секој ден од 2014 година и ние сигурно ќе победиме, бидејќи ја браниме нашата родна земја, го браниме нашето право слободно да ја избираме сопствената иднина. За нас ова е војна за слобода, цивилизација, демократија и европски вредности против империјалистичките  амбиции на подмолен агресивен сосед-злосторник. Силата на нашите Вооружени Сили е гаранција за постоењето на државата и зачувувањето на човековите права.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ