Амбасадата на Украина во Северна Македонија организираше настатан и изложба за одбележување на Меѓународниот ден за заштита на децата и 4 јуни, ден кој Украина го одбележа во спомен на децата што загинаа како резултат на руската агресија во Украина. Настанот се одржа во Музејот на макеоднската борба за самостојност.
Говорници на настанот беа Н.Е. Ларис Дир, Амбасадорка на Украина во Северен Македонија, директорката на Музејот на македонската борба за самостојност, Даниела Николова, раководителот на Катедрата за историја на Украинците во светот при Кијивскиот национален универзитет „Тарас Шевченко“, доктор по историски науки, професор Володимир Сергијчук, докторката по историски науки и раководителка на Националната асоцијација на истражувачи на Гладоморот- геноцид врз Украинците, Олесја Стасјук, пратеничката и лидерка на ЛДП, Моника Зајкова, Јован Андоновски, заменик народен правобранител, Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ, новинарката Кристина Атовска, Ратко Дуев, ректор на Филозовскиот факултет при УКИМ.
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети












