Амбасадорот на Големото Војводство Луксембург во Скопје, Белград, Тирана, Подгорица и Сараево, Филип Донкел во разговор за ЦИВИЛ Медиа вели дека сега е навистина моментот за Северна Македонија да продожи да ја споделува својата сила и моќ да оди напред кон Европската унија.
Цивил: Г-дин Донкел, како би ја коментирале сегашната политичка ситуација во Северна Македонија во однос на уставните измени и ЕУ интегративниот процес?
Донкел: Мислам дека сега е навистина моментот за Северна Македонија да продожи да ја споделува својата сила и моќ да оди напред кон Европската унија. Можам да разберам дека уставните измени ќе бидат мошне тешки, но, навистина верувам дека тоа е последната шанса. Вие веќе толку многу направивте, мислам веќе имате изменето толку многу закони, вашите реформи, Преспанскиот договор, за да се приближите до Европската унија, што сега е навистина моментот да се приближите, дури уште повеќе да се приближите до Европската унија и да ги направите уставните измени. И лично знам, уверен сум дека можере да го направите тоа.
Цивил: Која е вашата проценка за состојбата со корупцијата во земјава, како и за владините напори за борба против корупцијата?
Донкел: Тешко ми е да судам. Мислам дека за сите региони на Западен Балкан, корупција, за жал, е сé уште многу голем проблем. Во Црна Гора, вложуваат огромни напори за справување со корупцијата. Во Северна македонија, исто така, има многу напори и јас лично верувам дека мора да успееме да го смениме рамислувањето на луѓето кои живеат тука, за да повеќе не е нормално да се биде инволвиран во корупција, луѓето да разберат дека не е добро да се прави корупција. Но, мора да почнете од самите млади луѓе, навистина да ги едуцирате за да навистина разбереат дека корупцијата е нешто лошо. А тоа е генерациски процес, така што, ќе биде потребни многу време. Но, едноставно мора да продолжите затоа што општеството е подобро кога нема корупција.
Драган Мишев
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети