• Latest
Фото: Народна банка

За Западен Балкан е важно поврзувањето со Единствената европска платежна област (СЕПА)

June 30, 2023

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
Општина Брвеница

Радически со предност пред Јахиј: Брвеница оди во втор круг за избор на градоначалник

October 19, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За Западен Балкан е важно поврзувањето со Единствената европска платежна област (СЕПА)

June 30, 2023 11:59
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Народна банка

Фото: Народна банка

Share on FacebookShare on Twitter

Од суштинско значење за регионот на Западен Балкан е поврзување на платежните инфраструктури со оние во рамки на Единствената европска платежна област (СЕПА), е една од главните пораки од првиот ден на 15. конференција за плаќања и пазарна инфраструктура што во организација на Народната банка и Централната банка на Холандија се одржува во Охрид.

Преку прифаќање на принципите и стандардите на СЕПА, како што беше посочено, ќе се подобри ефикасноста кај плаќањата, ќе се намалат трошоците и ќе се олеснат трговијата и инвестициите во и надвор од нашите граници.

На првата панел- дискусија, претставници од централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и од Народната банка дискутирале за предизвиците за исполнување на барањата за пристапување кон СЕПА.

Претставничката на Европскиот совет за плаќања (ЕСП), Силвија ди Лило ги истакнала придобивките од придружувањето кон СЕПА во вид на поттикнување на дигитализацијата и модернизацијата на плаќањата во корист на финансиската вклученост. Било посочено и дека станува збор за долг процес кој бара големи политички, деловни и регулаторни напори, но за кој земјите од регионот имаат  поддршка од ЕСП.

– Панелистите во своите излагања ги потврдија многубројните придобивки кои би произлегле од соработката во регионот и членството во СЕПА, истакнувајќи дека тие се силно посветени на модернизацијата на плаќањата на Западен Балкан за да се забрза членството во СЕПА и Системот за инстант плаќања  ̶ Таргет. На втората панел-дискусија, разгледувајќи ги искуствата на земјите кои пристапиле кон СЕПА, како Романија, и земјите кои аплицирале за членство, на пример Грузија, беше истакнато дека станува збор за долготраен процес во кој треба да се вклучат сите засегнати страни, соопшти денеска Народната банка.

За време на конференцијата е разговарано и за улогата на системите за големи плаќања и за инстант плаќањата управувани од Евросистемот, како катализатор за иновациите во платежните системи. Од аспект на темата за дигиталните валути на централните банки, било посочено дека високиот интерес за нив е добар показател дека овие валути наскоро ќе станат дел од секојдневниот живот на луѓето.

Конференцијата продолжува и денес, а дискусиите се насочени кон отвореното банкарство и Европската иницијатива за плаќањата.

Tags: Западен Балканнародна банкаСЕПА
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ