• Latest
Фото: ЦИВИЛ

Грковска: Ефикасното управување со јавните финансии го намалува просторот за злоупотреби и корупција

July 19, 2023
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Грковска: Ефикасното управување со јавните финансии го намалува просторот за злоупотреби и корупција

July 19, 2023 13:05
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: ЦИВИЛ

Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

„Ефикасното управување со јавните финансии и доброто владеење воопшто, значи што посоодветно и што поправично исполнување на општествените приоритети со ресурсите кои нѝ се на располагање, а кои не се неограничени. Доброто управување значи грижа за стабилноста, за градење ефикасни институции кои го исполнуваат интересот на граѓаните и создавање услови за социо-економска еднаквост и напредок. Секое управување кое во себе ја нема оваа мисија, остава поголем простор за корупција”, истакна заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на првата сесија на работната група за антикорупција, формирана во рамки на проектот „Национална конвенција за Европска Унија – Кластер 1″.

Фото: ЦИВИЛ

Вицепремиерката Грковска посочи дека справувањето со корупцијата и заштитата на финансиските интереси на државата се меѓу клучните теми од интерес за сите граѓани и го истакна значењето на граѓанскиот сектор, кој преку демократска дебата и експертиза придонесува во реформските процеси.

„Штитејќи ги финансиските интереси на државата, ги штитиме интересите на граѓаните, на нивните средства. Затоа е исклучително важно постојано да се зголемува финансиската контрола и одговорност, со инкорпорирање на европската регулатива и практики и со понатамошно јакнење на транспарентноста на јавните финансии”, изјави Грковска, дополнувајќи дека на полето на транспарентоста изминативе години Владата направи значаен исчекор напред и продолжува во насока на градење култура на активна транспарентност во нашите институции.

Ефикасното управување со јавните финансии, нагласи таа, само по себе е еден од најсилните механизми за спречување на корупција и тоа треба да се има предвид во сите напори за елиминирање на негативните и штетни појави во општеството.

„Факт е дека оваа појава е позастапена во помалку развиените земји, а и дека најмногу им штети на најсиромашните. И тој круг е обрачот кој ги заробува можностите за развој. И понекогаш се чини дека е невозможно да се скрши. Но не е така, бидејќи ако проблемот е во системските слабости, во недостигот на транспарентност и отчетност, и самите решенија на проблемите се наоѓаат на истото место. Сепак, комплексноста на корупцијата, значи дека за справување со овој феномен мора да има волја и напори на сите нивоа и гранки на системот”, оцени вицепремиерката Грковска.

Фото: ЦИВИЛ

Сесијата се одржа во Клубот на пратеници, во организација на Европското движење на Северна Македонија, кое преку експертски и отворен дијалог континуирано придонесува за прашања поврзани со пристапните преговори за членство во Европската Унија и помага тие да се обликуваат согласно со поширокиот јавен интерес. Во оваа сесија учествуваше и гувернерот на Народната банка на Хрватска, Борис Вујчиќ, поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, Шенај Хаџимустафа, професорка на ЈИЕ, Александар Кржаловски и Снежана Камиловска Трпевска од МЦМС, претседателката на Европското движење во Република Северна Македонија, Милева Ѓуровска и Виктор Митевски од Здружението за истражување и анализи-ЗМАИ.

Tags: ГрковскаЕвропска Унија – Кластер 1јавни финансии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ