• Latest
Фото: ЦИВИЛ

Јаневски: Очекуваме 530 милиони долари девизен прилив во 2023 година

July 21, 2023

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Јаневски: Очекуваме 530 милиони долари девизен прилив во 2023 година

July 21, 2023 13:48
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: ЦИВИЛ

Фото: ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Туристичкиот сектор е вратен на нивото од 2019 година и постигнува уште подобри резултати. Тоа го покажуваат најновите податоци, за јуни и јули. Капацитетите во земјава, посебно во Охридскиот регион, се полни, престојот на странските туристи е се подолг и нивната просечна потрошувачка изнесува 85 – 95 долари. Девизниот прилив е значително зголемен и ако остане ваква состојбата, ќе ги постигнеме предвидените 530 милиони долари промет во 2023 година, рече денеска директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски.

Како што истакна Јаневски на средба со новинарите, со ваков континуиран раст се оди кон целта за 2025 година – реализирање 3,7 милиони ноќевања и 600 милиони долари или повеќе од четири отсто во БДП.

Тој напомена дека поради политичката состојба годинава е намален бројот на бугарски туристи кои во 2019-та биле меѓу „топ 5-те“, па ќе треба да се надоместат околу 75 000 – 100 000 ноќевања. Ваквиот „минус“ ќе се амортизира со зголемениот број туристи од Хрватска, Србија, Романија, Tурција и Словенија.

Најголем пазар засега е турскиот, истакна директорот, со зголемување на бројот на туристи за 66 отсто, а потоа е српскиот со раст од 30 проценти. Но, Северна Македонија, како дестинација е атрактивна и за гостите од БиХ, Холандија, Обединетото Кралство и Полска кои од мај и јуни веќе пристигнуваат со поголем број чартер летови.

-Прв пат во првиот квартал на 2023 година туризмот во македонската економија влеал 93 милиони долари што е за 19 отсто повеќе од 2022 година или 41 процент повеќе од 2019 година. Toa не охрабрува да констатираме дека сме на вистински пат да ги зацртаме целите за 2023 година и продолжиме кон целта за 2025 година кога треба да ја надминеме најуспешната 1988 година во македонскиот туризам со над 3,7 милиони ноќевања. Позитивни резултати се забележани во Охридскиот и Скопскиот регион, во првите пет месеци за 2023 година има раст на бројот на туристи и остварени ноќевања. Во овој момент капацитетите во Охридскиот регион се полни над 90 отсто, и во приватното сместување и во хотелските комплекси, а заокружени се и букирањата до средината на октомври, истакна Јаневски.

Според него, во земјава нема намалување ниту на домашните турсти што е голем успех ако се земе предвид дека по КОВИД пандемијата повеќето граѓани сакаа да излезат надвор од државата. Јаневски очекува падот на домашните туристи годинава да не биде поголем од 5 отсто.

Анализите покажуваат дека скок на гости во првите пет месеци 2019/2023 година се бележи кај турските, романските и српските туристи, како и кај остварените ноќевања со што 2023 година ги има сите услови кумулативно да ја надмине 2019 година по бројот и на остварени ноќевања, приближувајќи се до 530 милиони долари девизен прилив.

Како што оцени Јаневски, годинава македонскиот туризам сe соочува и со намалување на бројот на албански и косовски туристи кои патуваат во други дестинации. Сепак, враќање на резултатите од 2019 година за овие и за бугарските туристи се очекува во втората половина на 2023 година.

-Оваа година треба да покаже дека отворањето нови пазари, воспоставувањето нови чартери и редовни линии, реализацијата на првиот дел на медиумската кампања од страна на АППТ веќе во првите пет месеци создадоа позитивна клима и раст на холандските, турските, романските, англиските, српските туристи надополнети со други секундарни пазари, од кои се очекува раст од 20 до 30 отсто, рече Јаневски.

Тој напомена и дека еден од предизвиците со кои допрва ќе се соочи домашниот туризам, е кинескиот пазар кој во 2024 година треба да достигне кулминација на Балканот преку т.н. регионални тури, за што земјава треба соодветно да се подготви.

Согласно последните истражувања, во домашната туристичка индустрија се вработени меѓу 30 000 и 33 000 лица зависно од сезоналноста, што е околу пет отсто од вкупниот број вработени во македонската економија.

Tags: Јаневскитуризам
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ