• Latest

Костадиновска-Стојчевска: Името на Џон Малкович се впишува во богата историја на „Охридско лето“

July 27, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Името на Џон Малкович се впишува во богата историја на „Охридско лето“

July 27, 2023 13:06
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На големата сцена на Античкиот театар во Охрид вчеравечер во рамките на 63. „Охридско лето“ настапи славниот американски актер Џон Малкович во театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“.

Брилијантната и долгоочекувана изведба на славниот Малкович предизвика бурни овации и ракоплескање кај публиката и сигурно ќе остане редок настан за паметење кој понуди магичен амбиент и уникатност, збогатувајќи ја реномираната фестивалска историја на „Охридско лето“. Во авторство и во режија на Михаел Штурмингер, ова несекојдневно уметничко остварување, музички придружено од сопранистките Чен Реис и Сузан Лангбеј и Оркестарот на Виенската академија, ја спои класичната музика со драмската уметност и актерството.

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ја проследи вчерашната претстава и истакна дека е ова редок спектакл, а впечатоците од сценската изведба кај публиката се незаборавни и тоа очекувано ја потврдува уметничката големина на Малкович преку неговата маестрална глума. Таа упати благодарност до директорката и до тимот на „Охридско лето“ за нивната истрајност и професионализам, доследно да одговорат на предизвикот да се биде домаќин на една од најголемите и најславни светски ѕвезди.

Пред почетокот на ова психолошка театарска драма, пред публиката се обрати директорката на оваа културна институција, Наташа Поповиќ, која рече дека „Охридско лето“ е поттик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се дополнува и да се надградува со нови креативни соѕвездија кои го обележуваат местото на фестивалот како најпрестижна уметничка сцена, но и како препознатлив уметнички симбол насекаде во светот. Поповиќ упати благодарност до Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, до Министерството за култура и до сите помагатели на фестивалот за исклучителната можност да уживаат во проектот со светски познатиот актер Џон Малкович.

Заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мејер, кажа дека една од најважните движечки сили на меѓусебната врска на САД и Северна Македонија е живата улога на културата која ги збогатува нашите заеднички цели.

− Би сакал да ѝ се заблагодарам на директорката Наташа Поповиќ и да ѝ честитам за прекрасниот фестивал годинава. Ви благодарам за честа и можноста што ми ја дадовте да најавам голема симбиоза на два многу важни културни ентитети овде, во Охрид. Од една страна, овој неверојатен Антички театар во кој се наоѓаме, сцената на „Охридско лето“, една од најважните културни знаменитости во Северна Македонија. И од друга страна, американската мегаѕвезда и културна икона, господинот Џон Малкович. Негувањето и зацврстувањето на врските меѓу нашите народи се неопходни за работата што ја вршиме во Американската амбасада, всушност овие врски се толку важни што ги сметаме за столбови на стратегискиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, заедно со регионалната соработка, одбраната и безбедноста, спроведувањето на законите, трговијата, инвестициите и енергијата − истакна Мејер.

Tags: Костадиновска СтојчевскаОхридско летоЏон Малкович
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ