• Latest

За прв пат доделени договори за грант до 300.000 денари за мали дестилерии

August 1, 2023
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За прв пат доделени договори за грант до 300.000 денари за мали дестилерии

August 1, 2023 12:06
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Љупчо Николовски и заменик министераката Вјолца Бериша, ги доделија договорите за финансиска поддршка за мали дестилерии од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци.

Малите дестилерии за прв пат во историјата добиваат финансиска поддршка во форма на грант до 300.000 денари за модернизација на производството.

На јавниот повик за поддршка на мали дестилерии, кој беше објавен во мај, аплицираа вкупно 18 баратели на финансиска поддршка. Од нив, шест баратели не ги исполниле условите, а 12 добиваат договор за грант за финансиската поддршка за набавка на опрема и ангажман на технолог за алкохолни пијалоци.

Право на учество на јавниот повик имаа земјоделски стопанства регистрирани во ЕРЗС на МЗШВ и Електронскиот регистар во Царинската управа, како земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци или регистрирани во Електронскиот регистар во Царинската управа како мали независни производители на етилалкохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии, во согласност со Правилникот за начинот на даночење со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Вкупната сума за 12-те добитници на грант е 3.494.592,00 денари кои ќе се користат за инвестиции во опрема и основни средства и услуги кои имаат за цел: остварување на додадена вредност во примарното производство, развој на производи со традиционални карактеристики и зголемување на конкурентноста, како и развој на семејни бизниси од областа на производство на жестоки пијалоци.

„Најголемата поволност од ваквиот договор, освен што средставта се неповратни, е тоа што корисниците ќе добијат аванасна исплата на средствата, веднаш по потпишување на договорот. А потоа во рок од 45 дена тие треба да ја набават опремата за производство на жестоки алкохолни пијалаци и/или да ангажираат стручно лице (технолог за производство на жестоки алкохолни пијалаци), согласно роковите утврдени во деловните планови и договорот. На овој начин, ние им помагаме да набават опрема без да се задолжуваат со кредити и да плаќаат камати. Напротив, со ваквата подрршка ние им помагаме да растат, да го зголемуваат производството, да станат конкурентни, а тие потоа придонесуваат да се полни буџетот на државата преку плаќање на даноците со што сме го запазиле тој партнерски однос и сме си помогнале едни на други” изјави министерот Николовски.

Потврда за ова се и бројките кои бележат тренд на раст. Заклучно со 30.11.2022 год во регистрите на Царинска Управа се регистрирани вкупно 27 дестилерии од кои 19 во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, додека 8 се регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како Мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии. Заклучно со 30.06.2023 год во регистрите на Царинска Управа се регистрирани вкупно 32 дестилерии од кои 24 во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци, додека 8 се регистрирани во Електронскиот регистар во царинската управа како Мали независни производители на етил акохол и жестоки алкохолни пијалаци за комерцијални цели – мали дестилерии.

Имаме тренд на зголемување и тоа токму кај што треба во Електронскиот регистар во царинската управа како Земјоделци – мали производители на жестоки алкохолни пијалаци од 19 во 24.

„Искрено се надевам дека со нашата поддршка овие бројки постојано ќе растат и заедно ќе го повториме успехот на малите семејни винарии. Пред почетокот на нашата поддршка, во 2019 година имавме само 30 мали семејни винарии, а денес Северна Македонија има 247 винарски визби од кои 165 мали семејни винарии кои пишуваат нова историја во винскиот сектор и тоа токму со нашата поддршка и визијата која ја имавме за овој сектор. Очекувам ист ваков успех и со малите дестилерии, особено затоа што нашето поднебје има традиција во производство на вино и ракија и време е тоа да биде претставено пред светот” посочи министерот Николовски.

Најголем број на добитниците на договори за финансиска поддршка за мали дестилерии се од Кавадарци и Неготино, а останатите се од Скопје, Охрид, Ресен Струга, Велес и Куманово.

Tags: грантдестилериНиколовски
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ