• Latest
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ

Маричиќ: Со Рамковниот договор направивме и уставен концепт по европски принципи

August 13, 2023

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Маричиќ: Со Рамковниот договор направивме и уставен концепт по европски принципи

August 13, 2023 14:24
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ

Share on FacebookShare on Twitter
Со Рамковниот договор направивме и уставен концепт по европски принципи. Пред 22 години со потпишувањето на Рамковниот договор ги поставивме темелите на мултикултурната демократија, создавајќи нова атмосфера на заедничко живеење во важен, клучен момент, не само помеѓу Македонците и Албанците, туку и со другите етникуми кои живеат во нашата држава, објави на Фејсбук вицепремиеро за евроинтеграции, Бојан Маричиќ по повод годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Наместо поделби и јаз донесе соживот, меѓусебно разбирање, и еднаквост на граѓаните, а функционирањето на државата и македонското општество добија сосем нов правец, со јасна слика за тоа каква иднина сакаме сите, вели Маричиќ.

Понатаму, тој објаснува дека значењето на Рамковниот договор оди чекор понатаму од неговото сегашно влијание – тој стана успешна приказна од која може да учи и регионот, но и еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан.

Маричиќ додава дека додека одбележуваме 22 години исто така треба да оддадеме признание за неговата значајна улога на патот на Северна Македонија кон полноправно членство во Европската Унија, бидејќи еден од основните постулати на кои почива ЕУ е целосно почитување на правата на малцинствата, како и врз основа на Конвенциите и меѓународните акти, кон кои веќе сме пристапиле.

Да го одржиме жив духот на охридскиот Рамковен Договор и заедно да продолжиме кон европската иднина, градејќи траен мир и држава во која ќе сакаат да останат младите, подвекува Вицепремиерот.

Нашата големина и богатство, истакнува Маричиќ, е токму во почитувањето и обединувањето на различностите.

Тогаш сме силни и обединети, отпорни на национализам и ретроградни политики. Од тука потекнува консензусот кој треба да го имаме за спроведувањето на процесите низ кои градиме извесна, стабилна и просперитетна иднина за сите кои живеат во нашата држава, вели Маричиќ.

Во својата Фејсбук објава, тој исто така посочува дека низ историјата сме докажале дека знаеме да носиме решенија за тешки државнички прашања, да преговараме и да се договараме, бидејќи како и тогаш пред 22 години, така и денес сакаме извесност, напредок, сакаме стабилност и економски развој.

М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бојан МеричиќОхридски рамковен договор
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ